Најдобри видео игри за социјализација за време на изолацијата

За време на изолацијата и карантинот важно е да пронајдеме некои занимации кои нема да ни дозволат да западнеме во депресија. 

Najdobri video igri za socijalizacija za vreme na izolacijata 01

Недостатокот на контакт може да биде делумно компензиран од Skype и другите видео повици, но сепак имаме и неколку други предлози за вас. Повеќето видео игри денес нудат можност за онлајн играње.

Еве неколку игри што можете да ги играте за време на изолацијата:

Minecraft

Оваа игра е популарна долго време кај играчи од различни возрасти. Во играта можете да го истражувате огромниот свет со вашите пријатели, да направите неверојатни згради и да учествувате во многу мини-игри.

Единствената граница е вашата фантазија, само не заборавајте да спиете.

Fortnite

Некои луѓе ја сакаат, некои ја мразат, но сепак оваа игра има голем број на играчи. Покрај бесплатниот модул во кој 100 играчи се борат кој ќе остане последен, кој може да се игра I во екипи, постои и друг креативен модул каде можете да учествувате во други тимски авантури и да создадете своја околина.

Sea of Thieves

Овде секако има судири и поморски битки, но суштината на играта е да пронајдете 3 пријатели со кои би тргнале на незаборавна авантура. Светот е богат и огромен и вклучува сè на што сме навикнати во пиратските филмови и приказни.

GTA Online

Сопствениците на GTA 5 кои достигнале одредено ниво можат да се здружат со други играчи во светот и да испланираат разни мисии што ќе ги извршуваат заедно. Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало заедно да решавате мисии со вашите пријатели и други играчи, ова е вистинскиот начин да дознаете.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg