Ситуации во кои правилата за учтивост и добро однесување не се соодветни

Услуги

Ако сте како повеќето, сигурно сте прифатиле да направите многу услуги против ваша волја.

Не заборавајте дека имате право да кажете „Не“.

Само затоа што некоја блиска личност побарала нешто од вас, не значи дека сте должни да прифатите од учтивост. Вие одредувате како ќе го минувате времето и кога не сакате да направите нешто, заборавете на учтивоста и одбијте.

situacii-vo-koi-pravilata-za-uchtivost-i-dobro-odnesuvanje-se-malku-porazlichni-05.jpg

„Одбивање“ комплименти

Кога некој ќе им даде комплимент, луѓето настојуваат да го „одбијат“, а неретко кажуваат и критика на своја сметка. Речиси сите го правиме ова, најмногу бидејќи сакаме да бидеме учтиви и да не изгледаме како нарциси или егоисти.

Но, кога некој ќе ви даде комплимент, подобро само заблагодарете се и не кажувајте ништо друго.

situacii-vo-koi-pravilata-za-uchtivost-i-dobro-odnesuvanje-se-malku-porazlichni-06.jpg

Пријателската прегратка не е секогаш учтива

Прегрнувањето, дури и луѓе кои првпат ги сретнуваме, како да стана секојдневие.

Прегратката е одличен начин да ги поздравите вашите сакани, но кога станува збор за странец или само познаник, личноста може да се почувствува непријатно.

Веројатно вие само сакате да ја покажете вашата наклонетост кон личноста и да ѝ дадете до знаење дека ви се допаѓа, но подобро оставете ги прегратките за најблиските.

Посебно во овој период на пандемија, прегратките дефинитивно треба да ги избегнувате и да не создавате непријатни ситуации.

situacii-vo-koi-pravilata-za-uchtivost-i-dobro-odnesuvanje-se-malku-porazlichni-07.jpg

Понекогаш краткиот одговор е многу подобар

Од учтивост, сите ги поставуваме прашањата како „Што правиш?“, „Како си?“ и слично, кога ќе сретнеме некој на улица. Кога, пак, нам ќе ни ги постават овие прашања, понекогаш знаеме да дадеме подетален одговор, со цел да бидеме учтиви.

Но, освен ако не станува збор за некоја блиска личност, подобро одговорете кратко. Можеби другата личност се брза, но, повторно поради учтивост, нема да ве прекине.

situacii-vo-koi-pravilata-za-uchtivost-i-dobro-odnesuvanje-se-malku-porazlichni-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката) За подобар сон, секој ден поминувајте време на сонце, додека спиењето со партнер...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg