Како да го спречите замаглувањето на очилата додека носите заштитна маска?

Носењето маска стана задолжително, но со ова се појави проблем за кој оние со добар вид не се свесни – носењето маска ги замаглува очилата.

kako-da-go-sprechite-zamagluvanjeto-na-ochilata-dodeka-nosite-zashtitna-maska-001.jpg

Причината за ова е тоа што маската го пренасочува топлиот воздух што го издишувате кон очилата, а од ова се формираат ситни капки вода на нивните стакла.

Воопшто не е лесно да гледате низ замаглени очила, особено кога треба да одбирате намирници во продавница.

За среќа, постојат некои трикови кои ќе ви помогнат, ако ништо друго, барем малку да го намалите замаглувањето на очилата:

Сапуница

Овој трик го споделија двајца лекари од Англија, уште во 2011-та година.

Треба да ги измиете очилата со сапуница, да го „истресете“ вишокот вода и да ги оставите да се исушат или нежно да ги избришете.

Наводно, сапуницата остава тенок слој откако ќе се исуши, а овој слој ја спречува кондензацијата на очилата.

Сепак, некои експерти сметаат дека кај некои понови модели на очила, овој трик може да не функционира.

kako-da-go-sprechite-zamagluvanjeto-na-ochilata-ako-nosite-zashtitna-maska-02.jpg

Спреј против замаглување

Денес постојат продукти чија намена е спречување на замаглувањето на стаклата.

Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот очен лекар, кој може да ви понуди и некое друго решение.

Прилагодување на маската

Можете да направите и еден вид преграда помеѓу очилата и маската, така што влагата од носот и устата нема да стигне до стаклата.

Доколку имате „мека“ маска, прицврстете го горниот дел со леплива лента. Доколку имате „цврста“ маска, направете го истото, само ставете и хартиено шамивче кај носот за да ги пополните празнините.

Осигурете се дека лентата е добро прицврстена, за да не мора да го допирате лицето кога ќе излезете надвор.

kako-da-go-sprechite-zamagluvanjeto-na-ochilata-ako-nosite-zashtitna-maska-03.jpg

Пена за бричење

На многу форуми можете да го најдете овој совет против замаглување на очилата. Наводно, пената има иста функција како и сапуницата – остава тенок слој на стаклата што ја спречува кондензацијата.

Сè што треба да направите е да ги избришете очилата со пена за бричење.

Обидете се со некој од овие трикови, можеби ќе успее и ќе ви го олесни процесот на носење очила и маска истовремено. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg