Стјуардеси откриваат 5 грешки кои патниците ги прават во време на пандемија

Маски под нос, допирање на уста и нос, а потоа сите површини, однесување како ништо да не се случува во светот - стјуардеси откриваат што најмногу ги нервира кај патниците во време на пандемија. 

stjuardesi-otkrivaat-5-greshki-koi-patnicite-gi-pravat-vo-vreme-na-pandemija-01.jpg

Патувањата периодов уште не се вратени во нормала, посебно за нас, каде во многу земји границите се затворени за граѓани од нашата земја.

Сепак, пандемијата со корона вирусот постави нови правила и во авионскиот превоз, кои треба да ги почитувате независно дали ќе патувате сега или за 2 месеца.

Вработените во авиокомпаниите, посебно стјуардесите постојано се соочуваат со патници кои не ги почитуваат новите правила, а тоа може да го загрози здравјето на многумина.

Неколку стјуардеси вработени во различни компании, за Insider откриваат дека во изминатиов период забележале неколку најчести грешки кои патниците ги прават, а дефинитивно не треба и им пречат.

Кои се најчестите грешки на патниците во авион кои не треба да ги правите кога ќе патувате?

1. Некои патници ги тргаат маските во авион или ги носат погрешно – носот не им е покриен.

Забрането е маските да се извадат за време на летот, а уште помалку да се допираат од надворешната страна со рацете со кои подоцна допирате други површини во авионот. Ако пак, ја носите под носот – тогаш нема никаква поента.

stjuardesi-otkrivaat-5-greshki-koi-patnicite-gi-pravat-vo-vreme-na-pandemija-02.jpg

2. Некои патници имаат лоши хигиенски навики и покрај наведените правила.

Стјуардеса од Њујорк открива дека видела како некои патници сами се преместуваат на различни седишта и покрај пропишаните правила. Многумина ја вадат маската за да се допрат за нос или уста, а потоа допираат различни површини, а има и такви кои не си ги мијат рацете по користење на тоалетот.

3. Им го даваат ѓубрето на стјуардесите кога нив ќе им текне.

Стјуардеса од Минеаполис вели дека најмногу ја нервира когапатниците ѝ го подаваат нивното ѓубре кога ќе посакаат. Иако тоа ѝ пречело и претходно, сега е многу поопасно да земаат кај себе користени марамици и хартии, остатоци од храна и слично.

stjuardesi-otkrivaat-5-greshki-koi-patnicite-gi-pravat-vo-vreme-na-pandemija-03.jpg

4. Не си го планираат времето и во брзање забораваат на социјалната дистанца.

Патниците мора да се приспособат на новонастанатата ситуација и да ги почитуваат правилата, а за тоа треба однапред да си го планираат времето, да дојдат порано за да може навремено да завршат со целиот процес пред влегување во авион.

Една стјуардеса кажала дека многу од нив се појавуваат во брзање и забораваат дека не треба да се буткаат во други луѓе и треба да ги почитуваат сите останати правила за заштита.

5. Се однесуваат како ништо да не се случува во светот и си патуваат најнормално.

Една од стјуардесите вели дека некои луѓе патуваат постојано како ништо да не се случува во светот, иако е препорачливо да се избегнуваат патувања кои не се неопходни.

Луѓето мора да се навикнат на новонастанатата ситуација и ако веќе одлучиле да патуваат да се информираат за правилата на секоја авиокомпанија и на аеродромите и да се помират со тоа дека нема да им биде послужен алкохол или храна и дека авионот не може да биде полн на секое седиште и слично.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg