12 бон-тон правила за во ресторан кои ги знаат само вистинските дами и џентлмени
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 бон-тон правила за во ресторан кои ги знаат само вистинските дами и џентлмени

Шери доматите се јадат цели. Лебот не треба да го гризете. За шпагетите потребна ви е и виљушка и лажица. Не треба да го сечете целото месо наеднаш.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-01.jpg

Сите ние кога одиме во ресторан се трудиме да се однесуваме културно.

Не ги ставаме лактите на маса, го држиме ножот со вистинската рака и не зборуваме со полна уста. Ова се бон-тон правила кои ги знаат сите, но постојат уште правила кои може да влијаат на нашата репутација.

За некои од овие бон-тон правила можеби и не сте слушнале досега:

Можете да јадете пилешко месо со раце

Кога е формален настан ни е потребен прибор, но во некои ресторани пилешкото го служат на начин што е сосема во ред да го фатите со раце и да го натопите во сосот.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-02.jpg

Не оставајте траги од кармин на платнената салфетка

Таа треба да биде поставена на вашите коленици во текот на оброкот и со неа може само нежно да ги забришете краевите од устата за време на оброкот, но да оставите траги од кармин на неа е навистина некултурно. Во ваков случај побарајте хартиени салфети од келнерот.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-03.jpg

Не оставајте траги од кармин на чашите

Ако сте загрижени дека ќе оставите траги од кармин на чашата, пред да се напиете исушете ги усните со допир на хартиена салфета.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-04.jpg

За долгите тестенини потребна ви е и виљушка и лажица

Шпагетите треба да ги јадете со виљушка во десната рака и лажица во левата. Шпагетите земете ги со виљушката, допрете до лажицата и вртете за тие да се завијат, а потоа со виљушката донесете ги до устата.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-05.jpg

Месото не се сече секогаш со нож

Одредени видови месо, како котлети на пример, е посоодветно да ги делкате на парчиња со виљушката.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-07.jpg

Менито треба да е во допир со масата

Додека порачувате внимавајте како го држите менито. Тоа треба комплетно да е на масата или да ја допира површината барем со еден раб.

12-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-i-djentlmeni-08.jpg

Уште 6 бон-тон правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Искрени, одговорни и точно знаат што сакаат - кои се карактеристиките на вистински силните жени? Што е неодоливо кај една жена? Некои ќе кажат насмевката, други очите, трети тел...
Правила кои треба да ги следите ако не сакате да бидете постојано изморени Динамичниот тек на животот ни го прави секојдневието исполнето со многу обврски ...
9 работи кои жените ги сакаат, но ниту во сон нема да признаат Кога ги „меркаат“ - иако тврдат дека ги нервира кога мажите зјапаат, за нив тоа ...

Најчитани неделава