Зошто не треба да игнорирате родител или лице кое носи лента со сончогледи околу врат?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто не треба да игнорирате родител или лице кое носи лента со сончогледи околу врат?

Ако во супермаркет, на аеродром, железничка станица, во јавен превоз или на кое било друго место сретнете лице кое носи лента со сончогледи околу врат – имајте трпение и дајте му предност, бидејќи тоа претставува дека лицето има потреба од дополнителна поддршка заради скриена попреченост или аутизам.

zoshto-ne-treba-da-ignorirate-roditel-ili-lice-koe-nosi-lenta-so-sonchogledi-01.jpg

Постои долго време, но ретко кој знае за ова – лицата кои носат лента со сончогледи околу врат, значи дека тие самите или лицето кое го придружуваат имаат скриена попреченост или аутизам.

Тоа значи дека кога во маркет, продавница, чекална, автобус, аеродром, железничка станица или на која било друга јавна површина, ќе сретнете лице што ја носи, треба да бидете трпеливи и да ја сфатите пораката без многу противење, зборување, превртување очи. 

Луѓето кои ја застапуаат оваа иницијатива се борат што повеќе институции да ги поддржат, така што вработените ќе ги препознаваат овие лица по лентата и ќе добиваат предност без да мора некому да кажат зошто и да се ставаат во непријатни ситуации.

zoshto-ne-treba-da-ignorirate-roditel-ili-lice-koe-nosi-lenta-so-sonchogledi-02.jpg

Оваа иницијатива е поддржана од повеќе организации низ светот, па би било добро да се практикува и кај нас, а бизнисите да им дадат на овие луѓе до знаење дека ја имаат нивната поддршка.

Понекогаш, децата со аутизам или каква било физичка или психичка попреченост се нетрпеливи, но луѓето од страна не го гледаат тоа како проблем туку како размазеност, па би било добро да научат да ги препознаваат овие лица без притоа да мора да биде покажано со прст на нив и уште повеќе да им се отежни целиот процес.

На Фејсбук исто така вирално се шири објава која го објаснува ова, па би било добро да ја споделите оваа иницијатива со што повеќе луѓе за да им олесниме на луѓето кои на себе носат лента со сончогледи и да ги поддржиме.

Објавата со фотографијата е првично објавена од Богдан Баница, а преземена е на Фејсбук страната Хередитарна сензо-моторна невропатија Charcot Marie Tooth:

🌻🌻🌻Колкумина од вас го знаат значењето на лентата со сончогледи🌻Сигурна сум многу малку🌻 Сончогледовата лента не е нов тренд, инициран од некаков псевдоинфлуенсер🌻 Тоа е симбол што се користи претежно на фреквентни места (железничка станица, аеродроми, итн.) за дискретно предупредување на вработените дека патникот може да има посебни потреби🌻

Ако видите мајка како го носи овој симбол во супермаркет, и држи дете за рака, тоа може да значи дека детето има невидлива попреченост🌻Тривијални нешта, како чекање во ред, може да биде невозможно едно дете со аутизам да ги разбере🌻

Ако видите дека некој носи видлива лента со сончоглед, значи дека таа личност или лицето кое го придружува може да има скриена попреченост, физичка или психичка🌻

Можеби откако ќе го прочитате овој совет, ќе ги пропуштите тие лица во редот пред Вас 🌻Можеби ќе им оставите малку повеќе простор🌻Можеби ќе им пружите повеќе разбирање🌻 Или можеби доколку сакате ќе ја споделите оваа информација 🌻🌻🌻

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 жени кои нè научија дека среќата доаѓа откако ќе се прифатиш каков што си Да бидеш жена не е лесно, но да бидеш жена во Холивуд е уште потешко. Животот по...
Во рака или на рамо: Што кажува за вас начинот на кој ја носите чантата? Дали чантата ја носите на подлактицата, на рамо стисната до телото или безгрижно...
15 модели кои се прославија со чудниот изглед До пред само неколку години, модел со несовршени пропорции на лицето не можеше д...

Најчитани неделава