Научете која канта за што е - Што се фрла во сината, а што во зелената?

Кога пред вас ќе видите повеќе канти во различни бои може да биде збунувачко, ако не знаете точно што каде се фрла и рециклира.

naucete-koja-kanta-za-sto-e-sto-se-frla-vo-sinata-a-sto-vo-zelenata-001.jpg

Што се фрла во која канта?

Во сината се фрла:

Списанија, проспекти, каталози, книги, тетратки, телефонски именици, сликовници, писма, мапи, картонски фасцикли, картонски кутии без лепак.

Во сината НЕ СЕ ФРЛА:

Индиго хартија, фотографии и фото хартија, валкана хартија, гумирани етикети, пелени.

Во сивата се фрла:

Кујнски отпад: остатоци и кора од овошје и зеленчук, лушпи од јајца, талог од кафе, вреќички чај, остатоци од леб, листови салата.

Зелен отпад: овенато цвеќе, гранки, паднати лисја, откорната трева, земја, остатоци од овошје и зеленчук, како и мали парчиња од биоотпад: кора од дрво, коса и влакна, пилевина, разградливи марамчиња, борови иглички, мали количини на хартија во кои биле замотани кујнските отпадоци.

Во сивата НЕ СЕ ФРЛА:

Остатоци од термички обработена храна, месо, риба, коски, кожа, млечни производи, масла и масти, пепел, амбалажи, гума, обоен и лакиран дрвен отпад, облека, цигари и слично.

Во зелената се фрла:

Само стаклени амбалажи.

Во зелената НЕ СЕ ФРЛА:

Стакло од прозори, од автомобил, кристално и оптичко стакло, армирано стакло, лабораториско стакло, стаклена волна, флуоресцентни светилки, порцелански и керамички предмети.

naucete-koja-kanta-za-sto-e-sto-se-frla-vo-sinata-a-sto-vo-zelenata-2.jpg

Во жолтата канта се фрла:

Фолии, филмови, амбалажи кои на себе ги имаат ознаките PE-HD, PE-LD, PET, PP, шишиња од масло за готвење, дестилирана вода, средства за чистење и перење, козметика и лекови (освен остатоците), чашки и садови од јогурт, сирење и слично, кои на себе ги имаат ознаките PS, PP, како и амбалажа од стриропор или тетрапак амбалажа.

Тука се фрлаат и производите од пластика како на пример: шишенца од освежувачки пијалаци, пластични чинии, капачиња, прибор за јадење, како и конзерви од храна и лименки од пијалаци.

Во жолтата НЕ СЕ ФРЛА:

Пластични амбалажи и лименки со остатоци од бои, лакови, масла, експлозивни течности, хемикалии или амбалажи под притисок.

Во кантите за текстил се фрла:

Облека, постелнина, пешкири, завеси, шешири и капи, торби и меки играчки.

Во кантите за текстил НЕ СЕ ФРЛА:

Обувки, кожени чанти, перници од перја.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg