Душек наместо кревет, правоаголни тавчиња за омлет – колку се разликуваат јапонските домови од нашите?


Душек наместо кревет, правоаголни тавчиња за омлет – колку се разликуваат јапонските домови од нашите?

Јапонската култура значително се разликува од она што ни е познато нам. За учтивоста на Јапонците се зборува ширум целиот свет, а нивниот минималистички начин на живот навистина е за восхит. Дури и традиционалната јапонска кујна е многу поразлична од храната на којашто сме навикнати ние.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-01.jpg

Минимализмот се забележува и во домовите – јапонските станови и куќи секогаш изгледаат средено, а секој дел од просторот е искористен најефикасно.

Погледнете колку се разликуваат јапонските домови од нашите:

Многу луѓе спијат само на душек, без кревет

Многу Јапонци спијат на дебели памучни душеци кои се поставуваат на земјата. Овие душеци можат да се тргнат во текот на денот, така што ослободуваат многу голем простор. Дури и во многу хотели ќе најдете душек наместо кревет.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-02.jpg

Наместо ходник, во домот имаат „генкан“

Во јапонските домови, пред влезната врата се наоѓа мал простор кој го нарекуваат „генкан“. Ова е место каде што ги соблекуваат и каде што ги чуваат чевлите.

Најчесто, просторот е поставен малку пониско и е одделен од другиот дел на домот со праг, така што прашината од обувките нема да се разнесе низ целиот дом.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-03.jpg

Правоаголни тавчиња за омлет

Додека ние користиме кружни тавчиња за речиси сè, Јапонците преферираат да го прават омлетот во правоаголно тавче.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-04.jpg

Многу кујни имаат скриен простор на подот

Во многу јапонски кујни има мал простор на подот кој се користи за складирање храна, пијалаци или што било. На овој начин се заштедува многу простор.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-05.jpg

Повеќето Јапонци користат машина за перење и сушење

Наместо посебна машина за перење и посебна сушара, Јапонците најчесто инвестираат во машина што ги прави и двете. Мислењата за овие машини кај нас се има поделени. Некои ги користат, а некои се одлучуваат за две посебни.

dushek-namesto-krevet-pravoagolni-tavchinja-za-omlet-kolku-se-razlikuvaat-japonskite-domovi-od-nashite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Одлично зборувам германски и француски: За што најчесто лажат луѓето на интервју за работа? Општо познато е дека сите ја извртуваме вистината на нашите кратки работни биогр...
Жените родени во мај полесно стануваат шефови отколку што наоѓаат мажи – што кажува месецот на раѓањ... Жените родени во месецот март се најчувствителни. Жените пак кои слават роденден...
Тајни за долг живот кои можеме да ги научиме од Јапонците Просечниот животен век во Јапонија е околу 85,3 години. Истражувањата покажуваат...

Најчитани неделава