Не можат да одберат ни име за детето - какви правила следат бремените жени во кралското семејство?

Бремените жени и онака имаат еден куп грижи и проблеми, па сигурно не им требаат дополнителни правила и прописи. Но, бремените жени од кралското семејство мораат да го трпат и тоа.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Факт е дека бремените жени од кралското семејство ја добиваат најдобрата можна нега и имаат сè што им треба, но за возврат, мораат да се откажат од многу други нешта.

Погледнете какви сè правила следат бремените жени од британското кралско семејство:

Не смеат да зборуваат за бременоста

На фотографијата подолу, кралицата Елизабета е еден месец пред породување, но сепак се обидува да го скрие стомакот со широкото палто. Таа никогаш не соопшти дека е бремена и до последен момент го криеше стомачето.

Од друга страна, Дијана, Кејт Мидлтон и Меган Маркл малку го прекршија ова правило, но сепак го немаа задоволството сами да ги соопштат новостите. Јавноста дозна дека очекуваат дете преку официјално соопштение, кое се објавува дури после 12-тата недела од бременоста.

Покрај тоа, од кралското семејство никогаш не кажуваат на кој датум го очекуваат породувањето, туку само месецот.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-02.jpg

Не можат сами да изберат име

Обично децата од кралското семејство имаат неколку имиња и, за жал, обично мајката не одбира ниту едно од нив. Најчесто децата носат име на некој нивен предок, со цел да му се покаже почит.

На пример, целото име на најстариот син на Кејт и Вилијам е Џорџ Александар Луис. Џорџ – во чест на кралот Џорџ VI, Александар - во чест на второто име на кралицата (Елизабета Александра Марија) и Луис – во чест на Луис Маунтбатен, чичкото на принцот Филип.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-03.jpg

Не можат да направат забава по повод бременоста

Во некои држави, вклучувајќи ја и Англија, откако жената ќе најави дека е бремена, нејзините пријателки се собираат, ѝ носат подароци за детето и прават мала забава. Жените од кралското семејство не смеат да примаат подароци за нивното дете. Наводно, причината била што со ова можел да се открие полот на детето, бидејќи многу често се носат подароци соодветни за машко или женско.

Меган Маркл го прекрши ова правило и направи забава во Њујорк – гест што многу ги разгневи и Британците, и кралското семејство.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-04.jpg

Не смеат да носат отворени чевли, дури и ако нозете им се потечени

Потечените нозе и стапала се честа појава кај трудниците, па кога се соочуваат со овој проблем, нормално е жените да носат патики или отворени чевли што ќе им ги намалат болките. Сепак, жените од кралското семејство не смеат да носат обувки кои им ги откриваат прстите, без разлика дали се бремени или не.

Тие мораат да внимаваат и на облеката – додека сите бремени жени можат слободно да си носат поширока облека, дамите од кралското семејство секогаш мораат да изгледаат елегантно.

ne-mozhat-da-odberat-ni-ime-za-deteto-kakvi-pravila-sledat-bremenite-zheni-vo-kralskoto-semejstvo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg