8 токсични навики од кои е време да се ослободите за да бидете среќни

Навистина е тешко да се ослободите од навика што ја имате долго време, но некогаш морате да го направите тоа.

8-toksichni-naviki-od-koi-e-vreme-da-se-oslobodite-za-da-bidete-srekjni-01.jpg

Повеќето луѓе не се воопшто свесни дека нивното незадоволство потекнува од некои токсични навики – бараат признание од другите, се грижат за туѓото мислење, постојано се споредуваат со сите…

Речиси сите настојуваме да ги правиме овие нешта, а штом ќе сфатите дека овие навики се причина за вашата несреќа, време е и да се ослободите од нив.

За да бидете среќни време е да престанете да...

Барате дозвола да донесете важна одлука

Кога животот ќе ве однесе пред раскрсница, нормално е да сакате да се консултирате со некој за што да правите следно. Ова е сосем во ред, но проблемот настанува кога почнувате да барате дозвола или признание за да ја донесете важната одлука. Бидејќи оваа одлука ќе влијае врз вашиот живот, таа треба да биде само ваша.

Се обидувате да бидете совршени

Желбата за совршенство потекнува од стравот да направите грешка. Но, многу грешки се неизбежни и сè додека не го прифатите тоа, нема да бидете задоволни од себе, без разлика колку сте успешни. Дајте го најдоброто од себе, не се откажувајте, но прифатете и дека одвреме-навреме ќе правите грешки.

8-toksichni-naviki-od-koi-e-vreme-da-se-oslobodite-za-da-bidete-srekjni-02.jpg

Му дозволувате на туѓото мислење да ве дефинира

Никој не може да знае низ што минувате или низ што сте поминале, а токму поради ова не треба да ве засега туѓото мислење за вас. Никогаш нема да им се допаѓате на сите, а лошото мислење на другите не треба да ве дефинира како личност. Најважно е што вие мислите за себе бидејќи, сепак, само вие се познавате најдобро.

Озборувате

Повременото озборување може да ви биде од корист, но ако постојано озборувате, не си правите никакво добро. Луѓето кои често озборуваат генерално не се задоволни од себе, па зборувајќи лошо за другите, тие си го „полнат“ егото. Многу е подобро ако ја насочите оваа енергија кон вашиот развој – тогаш ќе сфатите дека од озборувањето нема ама баш никаква полза.

8-toksichni-naviki-od-koi-e-vreme-da-se-oslobodite-za-da-bidete-srekjni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg