6-годишно девојче стана вирален хит со ставот и самоувереноста додека танцува – ги учи сите на лекција (видео)

На социјалните мрежи вирално се шири видео од 6-годишно девојче кое танцува на натпревар, не се смее, чекори со израз на лице како подиумот да е нејзин и изгледа како да е подготвена да ги победи сите.

6-godishno-devojche-stana-hit-so-stavot-i-samouverenosta-dodeka-tancuva-gi-uchi-site-na-lekcija-video-01.jpg

На Фејсбук страната на 9GAG е објавено видео кое вирално се шири, а девојчето од видеото стана хит.

Според текстот во видеото, девојчето се вика Сихан и има 6 години, а игра балски танци.

За само 1 година вежбање и посетување часови, нејзиниот ментор одлучил дека малечката е подготвена за натпревар, а освои 2-ро место во категорија до 6 години.

Таа ги прави движењата со неверојатна самоувереност и сериозен израз на лицето, што покажува дека кога ќе ги совладаш чекорите добро и си сигурен во себе, самоуверениот и горделив лик си доаѓа сам по себе.

Таа не се смее бидејќи го изгубила првото запче, а се однесува како подиумот да е нејзин и само им дала дозвола на останатите да танцуваат на него.

6-годишното девојче е пример за тоа како треба да бидеме самоуверени во она што го правиме и да не дозволиме никој да ни го земе „сјајот“.

Со секое нејзино движење таа покажува силен став и посветеност, а е вистинска инспирација и за деца и за возрасни.

Видеото кое мора да го изгледате:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg