9 совети како да ја избегнете „зимската депресија“

Завршувањето на празниците, ниските температури, зимското сивило, монотоното секојдневие и дополнително моменталната ситуација, може да предизвикаат т.н. „зимска депресија“, но како да ја избегнете и да не дозволите да „потонете“ во меланхолија?

9-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-01.jpg

Завршија продолжените, празнични викенди, кои патем, не ги ни поминувавме како што најчесто ги минуваме во поширок круг на блиски роднини и пријатели.

Во скоро време немаме продолжени викенди (освен ако сами не си ги споите), времето станува многу постудено, моменталната ситуација не ни дозволува гледање во затворени простори... почнува ли веќе да ве фаќа „зимско лудило“?

Секако, разбирливо е сето ова да влијае на вашето расположение, но не смее да дозволите да паднете на предизвиците и да ви биде полесно да го преспиете овој период отколку да уживате во животот.

Секој период има свои предности и ништо не е толку трагично како што ви се чини, па важно е да ја надминете „зимската меланхолија“ и да ја победите монотонијата што побрзо.

За да се чувствувате подобро, применете ги следните совети:

Започнете со некоја физичка активност

Дури и кога времето е ладно, спортувањето е пожелно бидејќи влијае добро на расположението. Облечете се добро, прошетајте покрај кеј, во природа, качете се на планина, трчајте, шетајте го кучето на подолги патеки, возете велосипед... направете каква било активност.

Вежбањето помага да се намали стресот и анксиозноста, а користете го и секој зрак сонце.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-02.jpg

Воспоставете си редовна рутина за спиење и будење

Заморот е последното нешто што ви треба сега, згора на сите горенаведени „проблеми“ во зима. Не дозволувајте навиките за легнување да ви се изреметат и секој ден да легнувате во различно време, затоа што сте се задржале гледајќи филм или што било.

Обидете се секој ден да легнувате и да се будите во исто време, наместо да правите секојдневни промени на телото. Дури и во викендите, не ги менувајте драстично навиките.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-03.jpg

Одвојувајте време за себе

Слободното време е неопходно да се користи правилно. Посветете време на вашето хоби, на нешто што сакате да го правите и во што вистински уживате.

Од кулинарство, „направи сам“ проекти, до полнење на кадата со вода или читање на омилената книга во топла атмосфера со мирисливи свеќи или кафе со пријателите – поминувајте го слободното време со она што ве релаксира, наместо да се пикнете под ќебе и да го поминете така пола ден.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-04.jpg

Запишете си ги целите кои сакате да ги постигнете

Организацијата е многу важна, па покрај тоа што ќе водите евиденција за секојдневните обврски, не заборавајте да размислите за тоа што сакате да постигнете на долгорочен план.

Купете си убав планер, запишете си ги сите краткорочни и долгорочни цели и секојпат потсетете се на некоја од нив, па дел од денот користете на реализирање на некоја од нив.

Независно дали тоа е учење нов јазик, завршување на некоја обука, желба за подобро тело или што и да ве прави среќни и успешни кога ќе стигнете до целта. Така секогаш ќе имате како паметно да го потрошите времето и ќе бидете мотивирани за нешто.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-05.jpg

Испланирајте го следниот одмор

Празничниот период помина, а продолжени викенди немаме во скоро време. Сепак, тоа не значи дека не може да си го планирате следниот одмор.

Доколку имате повеќе слободни денови за одмор, може да ги искористите уште во текот на наредните неколку месеци – секогаш се добредојдени.

А, иако ситуацијата уште е непредвидлива, посебно во поглед на патување, сепак тоа не ве спречува да истражувате разни дестинации и да си го разубавувате денот со планирање на следниот летен одмор, доколку има шанси за тоа.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-06.jpg

Викендите поминувајте ги во природа

Додека го чекате следниот подолг одмор, тоа не значи деновите да ги минувате затворени дома, молејќи се што побрзо да помине зимата. 

Дури и ако зимата не ви е омилено годишно време, не дозволувајте да ви поминуваат залудно деновите од животот. Користете го секој момент за кратко патување низ земјата, за викенд-истражувања на планините и прекрасните места кои ги нуди нашата земја или барем отидете на еднодневен пикник во најблискиот парк. 

Добро ќе ви дојде времето поминато на воздух, прошетките, истражувањето во природа и времето поминато со најблиските и ќе научите дека и малите нешта се вредни за радување. 

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-07.jpg

Бирајте светли бои за модните аутфити

Зимата најчесто ги тера луѓето да се затворат во темна и широка облека, но кој вели дека во зима не може да носите силни или пастелни бои?

Жолтата боја посебно го подобрува расположението, па зошто да не го развеселите вашиот аутфит? Веднаш ќе се почувствувате малку повесело отколку кога аутфитот ви се поклопува со тмурното време.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-08.jpg

Јадете здрава и лесна храна

По празниците, веројатно сите претераа со храната која и не треба да се внесува во толку големи количини.

Некои накачија по некој килограм, други ја задржаа тежината, но сепак имаат потреба од прочистување.

Фокусирајте се на храна полна со витамини и минерали, свежи и здрави состојки и хранливи намирници, наместо брза храна и секојдневно јадење тесто и крем салата.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-09.jpg

Најдете си активност што ве релаксира

Никогаш не е доцна да си пронајдете ново хоби кое ќе ви биде активност што ви го ослободува умот од секојдневните грижи.

Градинарство, одгледување овошје и зеленчук, плетење, сликање на платно – изборот е огромен, проширете си ги хоризонтите и исполнете си го денот со нови активности кои ве релаксираат.

8-soveti-kako-da-ja-izbegnete-zimskata-depresija-10.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg