Како изгледале ликовите од филмот Titanic во реалноста?
Иако во филмот Џозеф Брус Исмај е претставен како лош човек, во реалноста спасил многу патници, а се спасил и самиот. Но, бидејќи тој одлучил да се намали бројот на чамци за спасување, неговата репутација била уништена засекогаш.

Маделин Форс била бремена за време на патувањето, а нејзиниот сопруг се потрудил да стигне до чамците за спасување. Таа се породила неколку месеци после катастрофата.

Џон Филипс бил радио операторот на бродот. Тој продолжил да бара помош преку радиостаницата до последен момент и, за жал, не ја преживеал катастрофата.

Харол Брајд му бил колега на Џон Филипс и, за разлика од него, се спасил. После трагедијата, неговите сведоштва биле од огромна важност.

Џон Џејкоб Астор бил еден од најбогатите луѓе во светот во тој период, но не ја преживеал катастрофата.

Фредерик Флит бил одговорен за надгледување на океанот, но подоцна изјавил дека за таа работа не му дале ни двоглед. Што значи, било речиси невозможно да ја забележи сантата мраз.

Луси Даф-Гордон била модна дизајнерка и се спасила, заедно со сопругот, качувајќи се на првиот чамец за спасување.

Космо Даф-Гордон е сопругот на Луси, за кого има гласини дека го поткупил екипажот за да се качи на чамец пред жените и децата.

Главниот офицер на бродот, Хенри Вајлд, зад себе имал блескава кариера, но не го преживеал тонењето на бродот.

Бенџамин Гугенхајм не го преживеал тонењето, а според некои сведоци, останал на палубата за да го слуша оркестарот.

Би можело да ве интересира:
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради...
Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган
Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации
Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие)
Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна...
Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
