Како изгледале ликовите од филмот Titanic во реалноста?

Знаеме дека Џек и Роуз, главните ликови во Titanic, се фиктивни, но многу од ликовите во филмот се инспирирани од вистински личности кои навистина биле присутни на бродот.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-01.jpg

Тонењето на Титаник е една од најпознатите трагедии во помодерната историја на човештвото. На првото, и последно, патување на бродот имало 2.200 патници, од кои само 700 ја преживеаја катастрофата.

Во свое време Титаник бил најголемиот, а за многумина и најбезбедниот брод направен дотогаш, но ова мислење имало голем удел во ужасната катастрофа.

Имено, поради тврдењето дека Титаник е брод што никогаш нема да потоне, на него имало доволно чамци за спасување за едвај третина од патниците.

Најпрво на бродот требало да има 32 чамци за спасување, но потоа бројот бил намален на само 20 – доволно за 1.178 луѓе.

Трагедијата стана инспирација на многу писатели и режисери, но дефинитивно најпозната е филмската адаптација на Џејмс Камерон, од 1997-ма година.

Во продолжение можете да погледнете како изгледале ликовите од филмот кои постоеле во реалноста:

Во реалноста, Маргарет Браун им помогнала на многумина да стигнат навреме до чамците за спасување, а после трагедијата почнала да собира пари за да им помогне на преживеаните.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-02.jpg

И стариот пар во филмот е инспириран од вистински ликови. Ајда и Исидор биле брачен пар и навистина останале на бродот за да умрат заедно.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-03.jpg

62-годишниот Едвард Смит бил капетанот на бродот и зад себе имал 40-годишно искуство. Исто како во филмот, тој загинал на бродот и во реалноста.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-04.jpg

Вилијам Мурдок го дал најдоброто од себе за да го избегне судирот со сантата мраз, но во филмот е прикажан во лошо светло.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-05.jpg

Чарлс Лајтолер ја преживеал катастрофата, а подоцна почнал да се фокусира на зголемување на безбедноста на патничките бродови.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-06.jpg

Арчибалд Грејси им помогнал на многу патници да стигнат до чамците, а откако ја преживеал трагедијата, напишал и книга за неговите искуства.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-07.jpg

Волас Хартли, кој бил дел од бродскиот оркестар, исто како во филмот, навистина свирел до последниот момент. Ниту тој, ниту другите музичари од оркестарот не преживеале.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-08.jpg

Ноел Лесли била патник од прва класа и се спасила со еден од чамците, а им помогнала и на патниците од третата класа.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-09.jpg

Томас Ендрус е креаторот на Титаник и кога сфатил дека неговиот брод нема да се спаси, им помогнал на патниците, а потоа останал да умре.

kako-izgledale-likovite-od-filmot-titanic-vo-realnosta-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg