Денес е Кинеска Нова година - Мали ритуали за поголема среќа

Кинеската Нова година (12.02.2021) симболизира нов почеток, отпуштање на сите негативни случувања во минатата година и привлекување на нови желби и позитивни промени.

denes-e-kineska-nova-godina-mali-rituali-za-pogolema-srekja-001.jpg

2021-ва година ќе биде во знакот на бивол, што симболизира дека може да очекуваме голема внатрешна сила, храброст, одлучност, волја и остварување на амбициите.

Според традициите, ова се неколку ритуали за привлекување на поголема среќа:

1. На денот на Кинеската Нова година ништо не се чисти и брише. Метлите и крпите се тргаат на страна.

2. Истакнете ги работите во црвена, портокалова и жолта боја.

3. Обичај е на полноќ да се направи знаме од желби. На правоаголен лист хартија напишете 9 желби за годината која доаѓа и закачете го листот на дрво во вашиот двор или во близина. Се верува дека што побрзо ветрот ќе го однесе, тоа побрзо желбите ќе се остварат.

4. На трпезата треба да имате „среќни плодови“ – портокалите симболизираат злато, грозјето е добивка, ананасот е бескраен просперитет, а лимонот штити од негативни вибрации.

5. Бамбусот е цвеќе кое треба да го има во секој дом на овој ден, но и во текот на годината. Растението означува флексибилност, напредок и рамнотежа.

6. Поставете метален предмет во сива или златна боја на западниот или северозападниот дел во домот, бидејќи 2021-ва е година на металниот бивол.

7. Закачете украси од хартија, по можност црвена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg