29 годишна девојка во брак со 51 година постар сопруг: „Тој е внимателен љубовник, тука нема ништо одвратно“

Терзел Расмус (29) од Кејп Таун, Јужна Африка, во 2017-та се омажи за 51 година постариот Вилсон Размус, кој денес има 80 години.

29-godisna-devojka-vo-brak-so-51-godina-postar-soprug-toj-e-vnimatelen-ljubovnik-01.jpg

„Вилсон го запознав сосема случајно, на една прослава каде бев ангажирана како фотограф. Кога завршив со обврските, седнав да одморам, а тој ми пријде и побара дозвола да седне покрај мене.

Виде дека сум сама па помислил дека добро ќе ми дојде друштво. Звучи неверојатно, но оттогаш сме неразделни. Помеѓу нас веднаш се појавија „искри“, и веќе следниот ден се видовме повторно.“ – вели Терзел за Дејли Мејл.

29-godisna-devojka-vo-brak-so-51-godina-postar-soprug-toj-e-vnimatelen-ljubovnik-02.jpg

„Тој ми е прва долга сериозна врска. Пред него воопшто не размислував на ова. Првата сопруга на Вилсон починала во 2002 година. Едноставно, барал некоја која ќе може да се грижи за него во староста и ме запозна мене“.

Висон бил најголемна поддршка на Терзел кога починал нејзиниот татко.

„Ми помага постојано. Секогаш можам да се потпрам на него. Дури и ми помага да си го платам образованието“.

29-godisna-devojka-vo-brak-so-51-godina-postar-soprug-toj-e-vnimatelen-ljubovnik-05.jpg

Мајката на Терзел е 24 години помлада од Вилсон, и без проблем го дала и својот благослов на младенците.

„Тој е внимателен љубовник, а една од предностите е што не морам да глумам мајка на неговите ќерки затоа што се 30 години постари од мене. Тие ме почитуваат иако сум помлада од нив и имаме одличен пријателски однос. Знаат дека нивниот татко е среќен и нема да биде никогаш сам – а, тоа е најважно нешто на крајот од денот.“

29-godisna-devojka-vo-brak-so-51-godina-postar-soprug-toj-e-vnimatelen-ljubovnik-tuka-nema-nisto-odvratno-09.jpg

Секако дека нивната врска подлежи на осуди од многу непознати.

„Ми велеа дека сум со него затоа што не можам да најдам маж на свои години. Овие коментари знаат да ме повредат, но нашата љубов е чиста и прекрасна. Заедно можеме да пребродиме секакви препреки. Ние се сакаме како и сите партнери. Овде нема ништо гадно и одвратно.“- вели Терзел.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg