20-годишен студент прави храна инспирирана од емотикони (фото+видео)

Готвењето е најголемата пасија на 20-годишниот студент од Манчестер, кој прави совршени копии на популарните емотикони со храна и веќе се хит на социјалните мрежи.

20-godishen-student-od-manchester-pravi-hrana-inspirirana-od-emotikoni-foto-video01.jpg

20-годишниот Еш Бабер е готвач кој стана голема ѕвезда на ТикТок и Инстаграм, благодарение на неговите рецепти инспирирани од емотикони.

Покрај слатките и тортите кои сигурно ќе ве настрват, Еш прави и кроасани, крофни и слично, кои изгледаат потполно исто како емотиконите што ги користиме секојдневно.

Младиот готвач студира на универзитет во Манчестер и објавува видеа со готвење уште од 2019-та. Но, дури кога почна пандемијата имал доволно слободно време за вистински да ѝ се посвети на неговата најголема страст – готвењето.

Идејата да почне да прави храна според емотикони ја добил минатата година:

„Во 2 часот наутро помислив да ја направам роденденската торта од емотиконите, само затоа што ми е навистина чудна. Кога ќе размислите, овој емотикон навистина нема никаква смисла“, вели тој за неговиот интересен проект.

Тој го снимал целиот процес, а видеото го објавил на TikTok, и досега има над 3,1 милиони прегледи.

@ashbaber

birthday cake emoji......cake ? #fy #foodtiktok #cake #baking #learnontiktok

♬ Cinnamon Bun - Prod by Rose

Кога видеото со тортата станало вирално, Еш почнал да добива предлози да ги направи мафините со фил, а нему му се допаднала идејата, па го прифатил предлогот.

Еш вели дека иако крајниот резултат изгледа навистина слатко, целиот процес на изработка може да биде навистина макотрпен.

„Тоа се емотикони, па не се многу реалистични. Имаат многу детали кои воопшто ги немав забележано дури не почнав да ги правам“.

Обично на Еш му се потребни 1 до 2 часа за храната инспирирана од емотикони.

„За мафините и крофните не очекував да ми одземат многу време, но бидејќи шарените трошки на емотиконите се поставени на одреден начин, морав да ги редам една по една“.

Еш вели дека воопшто не очекувал проектот да се претвори во цел серијал. Тој планирал само да ја направи тортата, но поради заинтересираноста на следбениците, решил да продолжи.

Погледнете ги неговите кулинарски дела:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg