Што значи изразот „стана на лева нога“ и зошто асоцира на нешто лошо?

„Станав на лева нога“. Ова е една од најчесто употребуваните фрази, а малкумина го знаат вистинското значење на истата.

sto-znaci-izrazot-stana-na-leva-noga-i-zosto-asocira-na-nesto-losho-001.jpg

Според народното верување, левата и десната нога не се еднакви. Десната е права, посилна, понапред, додека левата нога е послаба, не толку развиена и несреќна.

Запишано е дека Стефан Немања на смртната постела рекол: За патиштата од десната страна знае Бог, а на левата страна патиштата се ѓаволски и развратни“.

Исто така, се смета дека оној којшто станал на левото стапало „зачекорил во некакво зло“ од зората – затоа се вели за некој што е во лошо расположение во текот на целиот ден дека „станал на левата нога“.

Имено, таа фраза потекнува од античките Римјани, а објаснувањето е прилично едноставно: левата страна се сметала за несреќна, зло, лоша среќа во Рим. Од таа причина се верувало дека станувањето од креветот и првото допирање на подот со левата нога ќе предизвика целиот ден да биде лош.

Ова верување воедно е и причината што Римјаните влегувале во куќите преминувајќи го прагот прво со десната нога – за да не го повикаат злото.

Интересно е што англискиот збор „злокобен“ (sinister), потекнува од истоимениот латински збор што во превод, верувале или не“, означува „лево“.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg