Девојка, која заработува 40.000 евра месечно, открива зошто е тешко да се биде инфлуенсер

25-годишна девојка, која работи како инфлуенсерка, открива дека секој ден посветува по 5 часа на креирање на содржина за својот Инстаграм профил.

devojka-shto-zarabotuva-40-000-evra-mesechno-otkriva-zoshto-e-mnogu-teshko-da-se-bide-influenser-01.jpg

Алекса Никол Колинс е 25-годишна девојка од Флорида, која има повеќе од 1.2 милиони следбеници на својот Инстаграм профил.

Таа вели дека заработува 40.000 евра месечно од работата како инфлуенсерка, а за една објава на Инстаграм добива и до 8.000 евра.

Но, вели дека да се биде инфлуенсерка не е така лесно како што мислат многумина и тврди дека е потребно константна работа и посветено градење на бизнисот.

Алекса го напуштила колеџот за да го работи ова и со посветена работа од 5 години, стигнала до позицијата на која е денес. Живее на релација Мајами - Лос Анџелес и на својот профил постојано прикачува фотографии од патувања, мода и нејзиното секојдневие.

Но, вели дека да се биде инфлуенсер не е лесно како што изгледа и дека се потребни часови и часови работа за да може секој ден да продуцира содржина.

„Ми требаа 5 години за да ја изградам мојата мрежа. Не е лесно, ми требаше долго време. Овие работи не се случуваат преку ноќ. Постојано комуницирам со моите следбеници, им одговарам на прашања и им дозволувам да ме запознаат на едно поинтимно ниво“, вели Алекса, која додава дека нејзините родители не биле пресреќни со изборот на кариера што го направила, но сега ја поддржуваат.

Таа сега има и свој вебсајт, а дел од заработувачката си ја инвестира на берза.

Верува дека онлајн шопингот ќе биде сосема доминантен и сите ќе пазарат без да излезат од дома, а Инстаграм е вистинската алатка за реклама.

Работи со многу брендови, преговара околу плаќањето и постојано води сметка за статистиките.

Открива дека дневно троши 5 часа на креирање на содржина, без разлика дали тоа е фотосесија, доработка на фотографиите или комуникација со клиентите. Плус, константно ги разработува и своите профили на другите мрежи и внесува промени и новини во својата работа.

Вели дека 24/7 е на телефон и тоа знае да биде доста напорно, па ѝ се потребни неколку дена да се дисконектира од сѐ.

Фотки од Алекса:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg