Никогаш не ја мие сама косата, прстен од 460.000 евра: Која е Шафрон Друит Барлоу, најразгалената девојка од Велика Британија?


Никогаш не ја мие сама косата, прстен од 460.000 евра: Која е Шафрон Друит Барлоу, најразгалената девојка од Велика Британија?

Нејзините двајца татковци имаат милиони на сметката, а таа вели дека од 12-13 години почнале професионалци да ѝ ја мијат косата и да ја шминкаат. Едниот од нејзините татковци го запроси нејзиното поранешно момче.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-01.jpg

Шафрон Друит Барлоу има само 21 година, но парите никогаш не биле проблем за неа.

Таа со леснотија кога ќе посака дава 8.000 евра за да организира нејзината омилена козметичарка, која ѝ го негува лицето, од Брајтон, Велика Британија да пристигне во нејзиниот дом на Флорида. Шафрон живее на релација Велика Британија – САД.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-03.jpg

Инаку, Шафрон е ќерка на првиот британски хомосексуален пар кој доби деца и официјално беа регистрирани како родители во 1999 година. Парот доби близнаци, од кои едната е Шафрон, со помош на сурогат мајка во Калифорнија.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-04.jpg

Парот повеќе не е заедно, а едниот од татковците на Шерон се сврши со момче, кое претходно се состанувало токму со Шерон. Но, таа вели дека нема проблем со тоа и дека одлично го прифатила како избраник на татко ѝ.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-05.jpg

Шафрон троши 10.000 евра годишно само за екстензиите на нејзината коса да изгледаат добро. Таа има шминкер кој ѝ стои слободен на располагање кога и да му се јави.

Деталите за нејзиниот екстравагантен живот Шафрон со задоволство ги споделува со јавноста, но очекувано, од многумина добива критики за начинот на живот.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-06.jpg

Вели дека секогаш патува со прва класа, на лицето става маски од злато, косата никогаш не ја мие сама, туку си има човек задолжен за тоа, на секои два месеци става нови екстензии од природно влакно и открива дека косата ѝ ја мијат и средуваат професионалци уште од 13 години.

nikogash-ne-ja-mie-sama-kosata-prsten-od-460-000-evra-koja-e-shafron-druit-barlou-najrazgalenata-devojka-od-velika-britanija-07.jpg

Нејзиниот гардеробер е преполн со дизајнерски парчиња од Prada до Burberry, досега потрошила повеќе од 80.000 евра на пластични операции, а во колекцијата со накит има специјален Faberge дијамантски прстен кој вреди вртоглави 460.000 евра.

Прочитајте и за еден од татковците на Шафрон - Милионер го запросил бившиот на ќерка си во Хрватска и со него очекува дете преку сурогат мајка (фото+видео)

Повеќе фотографии од „најразгалената“ девојка во Велика Британија:

https://www.instagram.com/p/CKuRfv8gGiU/

https://www.instagram.com/p/CKcYPWLgi3F/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што никогаш не треба да правите кога сте на гости во туѓ дом? Кога одите на гости, независно дали е кај блиски или подалечни познаници, треба ...
Зошто никогаш не треба да се мешате и да решавате туѓи проблеми? Многу често знаеме да се вмешаме во туѓите проблеми со цел да им помогнеме на бл...
Девојка на матура го облече невестинскиот фустан од мајка си за да заштеди Во време кога тинејџерките се опседнати со скапи модни парчиња и трендови, оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg