Идните европски кралици – трите принцези од Европа кои се подготвуваат да го наследат тронот

Во минатото обично машките деца ги наследувале троновите, без разлика дали имаат постара сестра. Но, времињата се менуваат и денес е сосема нормално жена да го наследи кралскиот престол.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot01.jpg

Дефинитивно најпознатата кралица во светот е Елизабета Втора, која истовремено е и монархот кој најдолго владеел со Британија.

Во Европа постојат уште неколку кралски семејства, a три принцези веќе се подготвуваат да го наследат тронот со оглед на тоа што се први наследници, секако кога ќе дојде редот за тоа.

Погледнете кои девојки ќе бидат идните европски кралици:

Принцезата Леонор од Шпанија

Леонор е ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија, има 15 години и е прв наследник на тронот.

Изминативе неколку години Леонор и нејзината сестра принцезата Софија привлекуваат сè повеќе внимание во јавноста, а младата наследничка почнува да се подготвува за нејзината голема улога кога ќе дојде време за тоа.

Леонор е родена во 2005-та година и е најстара ќерка на кралот Фелипе, кој го наследи тронот во 2014-та.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-02.jpg

Младата принцеза веќе зборува пет јазици и, според нејзиниот татко, таа е неговата „десна рака“ и си ги извршува кралските должности со огромна посветеност. Леонор го одржа својот прв јавен говор во 2018-та, кога имаше само 13 години, а следната година одржа говор на четири различни јазици.

Изминативе година-две таа сè почесто ги придружува нејзините родители на важни настани, вклучувајќи го и настанот организиран во чест на жртвите од пандемијата.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-03.jpg

Принцезата Елизабет од Белгија

Елизабет има 19 години, а нејзините родители се кралот Филип и кралицата Матилда од Белгија.

Кога ќе стане кралица, таа ќе биде првата жена која го наследила тронот на Белгија, а нејзините родители го даваат најдоброто од себе за да ја подготват за ова.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-04.jpg

Минатата есен принцезата се запиша на Кралската воена академија во Брисел, со што дополнително ќе се подготви за улогата на кралица.

Досега најважниот настан во животот на Елизабет беше прославата за нејзиниот 18-ти роденден во 2019-та. Овој роденден е од големо значење за неа бидејќи полнолетството значи дека таа може да биде кралица без регент – личност која е водич на државата додека монархот е малолетен.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-05.jpg

Принцезата Амалија од Холандија

17-годишната Амалија е ќерка на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима.

Таа стана наследник во 2013-та, кога кралицата Беатрикс се откажа од тронот и нејзиното место го зазеде Вилем-Александар.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-06.jpg

Амалија ќе се држи понастрана од окото на јавноста дури да наполни 18 години, а нејзините родители имаат изјавено дека до тогаш ќе ја заштитуваат нејзината приватност што е можно подобро. Ова значи дека таа нема кралски обврски и не е вклучена во големите кралски настани.

idnite-evropski-kralici-trite-princezi-od-evropa-koi-se-podgotvuvaat-da-go-nasledat-tronot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg