Кој треба да ја плати сметката?

bonton-koj-koga-treba-da-ja-plati-smetkata-povekjeЕдна од најчестите дилеми кои ни го комлицираат животот во поедини ситуации, особено кога се во прашање нови и млади заљубени парови, е кој ја плаќа...


...сметката по првиот состанок? Дури и ако упорно се трудиме врз основа на однесувањето на оној што седи спроти нас да откриеме какви очекувања има, многу е тешко да се донесе вистински заклучок и дилемата останува неразјаснета.

За да не се мачиме околу залудната проценка, полесно е да се следи бонтонот, а тој јасно вели: на првиот состанок плаќа мажот.

bonton-koj-koga-treba-da-ja-plati-smetkata

Во принцип, мажот е тој кој секогаш би требало да се понуди кога е во прашање плаќање на пијалок. Доколку жената не покаже голем отпор или не почне приказна за рамноправност на половите, тогаш машкиот паричник е тој кој треба да се отвори.

Со тоа не покажувате само дека сте џентлмен туку и дека сте одговорни и добро воспитани. Секако, ако вие сте ја повикале, логично е дека вие ќе ја платите сметката на крајот од вечерта. Кој кани, тој и плаќа, така гласи златното правило.

Од посилниот пол се очекува плаќање на сметките и при посебни прилики: значајни датуми, родендени, празници. Ова се однесува и на прослави по повод важни случувања, на пример, ако вие или пак таа, добила ново работно место. Во двата случаи мажот треба да ја плати сметката, во првиот случај затоа што тој добил подобро место, а во вториот за да покаже дека го цени нејзиниот успех и дека му е мило поради тоа.

Секако постојат прилики кога дамата може да ја плати сметката. Ако таа ве повикала, се подразбира. Нема ништо попатетично од жена која предложува да се излезе во скап ресторан и очекува мажот да ги плати сите нејзини хирови.

Дамата би можела да го отвори својот паричник и кога му е роденден на нејзиниот партнер. Ако таа ја организирала вечерата како изненадување или пак едноставно сака да части, мажот тоа треба да и го дозволи. Одбивањето на нејзината понуда да плати би било како да се одбива подарок.

Секако, дамата може да плати и доколку упорно инсистира на тоа. Не е важно која е нејзината причина, доколку таа инсистира да ја плати сметката, мажот тоа треба да и го дозволи.

Плаќањето на сметките дефинитивно, не е нешто за кое треба да се расправаме.

Би можело да ве интересира:

„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...
14 луѓе кои сами си ја организираа кујната, а личи како да дале богатство на професионалци Ако ви здодеа изгледот на кујната и сакате да го смените нејзиниот лик, овие 14 ...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...

Најчитани неделава