Одиме на театар!

odime-na-teatar-povekjeTheatra, првиот независен театар со свој простор го гради и збогатува својот репертоар. Водејќи се по својата основна цел – отвореноста на...


...театарската сцена, покрај редовната хит претстава, Мизантроп, веќе овозможува гостување на победничката претстава со 2 први награди на FIST 2010 година.

Оркестар Б.Б. (Бертолд Брехт) може да се разбере како еден коментар што си поигрува со политичките, социјалните и воопшто стереотипите кои произлегуваат од меѓучовечките односи. Игра голема актерска екипа која лесно развива апсурдни ситуации кои зборуваат за стварноста што не опрукужува и точно ја отсликуваат сегашната политичка локална и глобална хаотичност.

odime-na-teatar-1

Преку музика и сонгови сето ова е исполнето од: Мирослав Петковиќ, Ненад Митевски, Атанас Атанасовски, Тина Трпкоска, Наташа Петровиќ, Кристина Ласовска, Марија Стефановска, Ана Кафкалеска, Катерина Аневска, Катерина Чакмакоска и Слаѓана Вујошевиќ. Режијата е на Владо Цветановски и Мими Таневска.

Во интимниот простор на Theatra претставата само добива на динамичност и интеракција. Публиката навистина има можност непосредно да ги доживее сцените. Оркестар Б.Б. несекојдневно прецизно прозвучува и изгледа. Спојот на независниот принцип на работа и отвореноста кон клучните современи проблеми е она што нема да ве остави мирни на театарските столчиња и ќе го поттикне вашиот аплауз.

odime-na-teatar-2

Со задоволство, Theatra ви најавува дека вашите билети можете да ги резервирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на +389 70 666 055. За повеќе информации за Оркестар Б.Б, следете ја официјалната фејсбук страна на Theatra , www.facebook.com/Theatra и дознајте повеќе за настаните и наредните изведби на Мизантроп во новиот скопски театар.

Претставата е денес од 20.30 минути.

Добитници на по две карти за претставата Оркестар Б.Б. се Марија Тодороска и Викторија Механџиска. Картите можете да си ги подигнете денес пред почетокот на претставата (20.15ч) во Театра.


Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава