Женски исповеди: „Трикот што ми помага да се чувствувам самоуверено на важни настани“

„Верувале или не, имам еден парфем кој ми дава самодоверба. За важни настани го користам задолжително. Веќе самиот негов мирис ме асоцира на успех.“

zhenski-ispovedi-trikot-shto-mi-pomaga-da-se-chuvstvuvam-samouvereno-na-vazhni-nastani-01.jpg

Како се справувате со ситуации од типот јавен настап пред многу луѓе? Имате ли трема? Постојат ли техники кои ви помагаат да се релаксирате?

Девојки откриваат кои се нивните тактики:

„Секогаш избирам облека во која ќе се чувствувам удобно, дури и да е пригодата за фустан и високи потпетици ако се чувствувам непријатно во нив, јас не се облекувам така.“

„Пред важни настани обрнувам внимание на грижата за себе, спортувам и се хранам здраво, на овој начин ја потхранувам мојата самодоверба. Важно е да верувате во себе кога сте во фокусот.“

zhenski-ispovedi-trikot-shto-mi-pomaga-da-se-chuvstvuvam-samouvereno-na-vazhni-nastani-02.jpg

„Верувале или не, имам еден парфем кој ми дава самодоверба. За важни настани го користам задолжително. Веќе самиот негов мирис ме асоцира на успех.“

„Најголемиот страв при јавен настап е да не ѝ се допаднете на публиката. Почнувате да мислите како ќе изгледате на сцена, што ќе кажат луѓето за вас, а најважно е да одлучите во главата дека вие ќе се потрудите да се претставите најдобро што можете и дека само тоа е важно.“

„Секогаш забележувам кога некој е загрижен или засрамен, па така секогаш одлучувам да бидам релаксирана. Кога зборувам јавно или со некоја важна личност, јас се трудам тоа да наликува на разговорите со мојата најдобра пријателка.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
„Имам 4 кредитни картички и долг од 90.000 € што го кријам од сопругот – сепак потрошив богатство за... „Додека купував подароци кои не можам да си ги дозволам, бев свесна дека морам д...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...
11 работи за кои жените мораат секојдневно да се грижат (а мажите немаат поим) „Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гн...
Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg