Победете го стравот од летање

pobedete-go-stravot-od-letanje-povekjeОколу 40% од луѓето се плашат од летање, а 10% не ни помислуваат да се качат во авион. Според мислењето на експертите, стравот од летање...


...е една од фобиите која е најтешко да ја победите. Сепак, тврдат дека секој може да успее со упорност и волја.

pobedete-go-stravot-od-letanje

Чекор 1. Сфатете го својот страв. Стравот може да биде генетски наследен, научен од родителите или последица на лошо искуство. Во моментите на страв забрзано лачиме адреналин, се забрзува чукањето на срцето, крвта од стапалата и прстите на рацете оди во другите делови од телото и затоа истите стануваат ладни, се забрзува дишењето, може да дојде до мачнина и зголемено потење. Немојте да се плашите. Треба да верувате дека можете да го победите стравот.

Чекор 2. Мотивираност. Сетете се на причината заради која би сакале да летате. Одење на одмор, на бизнис состанок, средба со семејството и пријателите кои не сте ги виделе долго време. Луѓето ретко летаат заради негативна и небитна причина.

Чекор 3. Правилно дишење. Главниот симптом на паниката е забрзано и неконтролирано дишење. Контролата врз дишењето за време на летот помага да се опуштите и да избегнете вртоглавица. За да успеете во ова, потребно е да научите да дишете од стомакот и да зимате помала количина воздух. Легнете на грб,ставете книга на абдоменот, малку под ребрата. Кога ќе издишете книгата треба да се подигне од дијафрагмата. Важно е стомакот да се подигнува повеќе од градите. Потребно е ова да го направите 10 пати. Вдишувајте 3 секунди и издишувајте исто така 3 секунди.

Чекор 4. Соочување со стравот. Размислувањето за стравот и замислувањето на ситуации во кои чувствувате страв го активира истиот. Запишете ги на лист вашите најстрашни аспекти од својата фобија и наредете ги според значајност. Кога ќе почувствувате потешкотии и понатаму размислувајте на истата слика. Дозволете стравот да ве обземе и дајте му да ви го направи најстрашното. Ќе видите дека навистина ништо не ви може. Се’ се случува во вашата глава.

Чекор 5. Прифатете ги ситуациите. Немојте да очекувате дека ќе се ослободите од стравот со едно летање. И оние кои летаат секојдневно, за време на турбуленции пребледуваат. Важно е да знаете дека се е совладливо.

Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Фото-компилација: Како изгледаат секојдневните предмети во други држави? Во Холандија има разградливи чаши за кафе, а во јавниот превоз во Австралија има...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...

Најчитани неделава