Горда и достоинствена, способна да ја помине секоја пречка – значењето на името Гордана

Гордана е женско име со словенско потекло. Името означува горда, достоинствена. Се смета дека ова е женската варијација од името Гордан.

Znacenje-na-Gordana-01.jpg

Според една теорија, ова е словенската варијанта на фригиското име Гордиј, чие значење не нѝ е познато, и дека во употреба во словенскиот свет влегло поради христијанското чествување на мачениците Гордиј и Гордијан.

Според некои други етимолошки теории, името Гордана е „изведено“ повторно од машкото лично име Гордан кое пак потекнува од грчкиот јазик, односно доаѓа од личната именка „gordianos“ или „gordias, што во смисла означува – комплицирана, сложена, тешка, во обид да пронајде решение.

Жените кои го носат името Гордана се доживуваат како достоинствени, горделиви, по малку сурови и немилосрдни, лица кои умеат да ја поминат секоја пречка пред себе и да го решат секој проблем.

Иако ова име, особено популарно на балканските простори во минатото, ја изгуби својата популарност во текот на годините поради новите „модерни“ имиња кои родителите ги преферираат за своите деца, несомнено станува збор за исклучително автентично, словенско име со длабока симболика.

Па доколку во текстот ја препознаете вашата мајка, баба или блиска и сакана пријателка или роднина, означете ја вашата Гордана во коментар и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg