10 занимливости за Бил Гејтс

10-zanimlivosti-za-bil-gejts-povekjeВо интервјуто на Daily Mail со Бил Гејтс успешно извлекоа некои приватни работи од вториот најбогат човек на светот. Основачот на Microsoft открива...


...10 работи кои сигурно не сте ги знаеле, а не сте можеле ниту да претпоставите:

1. Децата го зафркаваат и му ја пеат песната "Billionaire" од Бруно Марс.

2. До сега донирал $28 милијарди долари во добротворни цели.

3. Неговите три деца од него ќе наследат по $10 милиони долари, затоа што Гејтс вели – Мислам дека повеќе пари нема да бидат добри за нив.

4. Дали Боно од U2 го повика Гејтс во бекстејџ на концертот во Сиетл? Не морал, затоа што престојувал во неговата куќа.

5. Бил се одлучил само дел од времето да го посветува на Microsoft, а остатокот да го вложи во својот фонд за добротворни цели кој вреди $37.1 милијарда долари.

6. Тој е една од ретките личности која не донира пари за пронаоѓање лек против рак, туку против маларија. „Светот вложува многу пари во истражувањата за ракот, така што моето богатство нема да има влијание во ова подрачје“ – вели Гејтс.

7. Се залага за ниски цени на вакцините. „Ние размислуваме за тоа што плаќаме. Постигнуваме намалени цени и може да следиме колку деца примиле вакцина“ додава Гејтс.

8. Луѓето во земјите од третиот свет немаа појма кој е тој. „Не знаат кој сум, затоа што воопшто не сум вмешан во нивното секојдневие“.

9. Има Твитер акаунт, но со аканутот на Фејсбук имал проблеми. Понудите за пријатели кои му стигнувале постојано, излегле од контрола.

10. Гејтс, во текот на разговорот ја откри и тајната за Марк Зукерберг – дека е верен за својата долгогодишна девојка Присила Чан.

Би можело да ве интересира:

40 чудни (и забавни) прашања кои може да им ги поставите на пријателите кога ви е здодевно Кое необично животно би го земал за милениче и зошто? Би живеел во свет без зима...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, тр... Љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин Бесет м...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...

Најчитани неделава