Зависни ли сте од астрологија?

zavisni-li-ste-od-astrologija-povekjeКој знак си ви во хороскоп? Ова е едно од најчестите прашања при незадолжителна конверзација, забавна тема за разговор, нешто што на голем...


...број луѓе им е интересно, а сепак повеќето не го сфаќаат премногу сериозно.

Но, се случува „лесната забава“ да отиде подалеку од тоа - особено во неизвесни времиња, кога на луѓето очајнички имаат потеба од малку сигурност, или ако се често во ситуација со една единствена одлука многу да изгубат – се оди до таму таа личност за секоја своја одлука да го консултира астрологот.

Најчесто и не се препознава дека се дошло до состојба на зависност, бидејќи астрологијата останува тема  на „лесни разговори“. Како да препознаете дали сте зависни од астрологијата?

Еве неколку можни знаци:

zavisni-li-ste-od-astrologija

  • Бројот од некој (или повеќе броеви) од телефонски хороскоп го знаете напамет. А бројот од вашата најдобра пријателка? Уф, кој ли беше.... Морате да погледнете во мобилниот, инаку нема шанси да се сетите.
  • Тоа што имате свој астролог и понатаму не мора да значи дека сте зависни од астрологијата. Сепак ако првата работа која ќе ви падне на ум кога бирате пар чевли е за совет да го прашате астрологот (освен ако тој астролог воедно не е и стилиста), сте отишле предалеку.
  • Некој на забава ќе спомне дека е астроном, или пак за некого ќе чуете дека е астроном, иако ви е познато дека астрономијата и астрологијата се две различни работи, уште на самиот збор  „астро....“ поставувате прашање за својот знак, подзнак, препораките со кој знак добро би се сложувале.....
  • Вашиот партнер или пријателка ви предлагаат да ги гледате „Ѕвездени патеки“, а вие веднаш го вадите својот хороскоп.
  • На памет го знете својот дневен хороскоп (можеби на памет знаете и неколку свои дневни хороскопи, од различни извори), но никако не можете да се сетите за што сте задолжени да зборувате на презентацијата која треба да се одржи денес попладне, кога ви доаѓаат потенцијално многу важни соработници.

Дали се пронајдовте некаде?

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава