Ставете огледало под перницата и ќе го сонувате оној со кој ќе се омажите – македонски верувања и традиции за Водици

Празникот Водици односно Богојавление се празнува како еден од најголемите христијански празници. На овој ден, според верувањето, Исус Христос е покрстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

Makedonski-veruvanja-i-tradicii-za-Vodici-01.jpg

Со Водици на 19 јануари, завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“ туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат свеченостите поврзани со Бадник, Божиќ и Василица.

Традиционално, на Водици во поголемиот дел од градовите низ Македонија, верниците скокаат во водата по крстот, кој попот претходно го отпеал. Се верува дека оној што ќе го фати крстот, ќе има голема среќа и бериќет во годината.

По овој обред, водата станува осветена, а со тоа и лековита, поради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година за лекување на разни болести како на луѓето, така и на добитокот.

Постојат голем број верувања, но и традиции поврзани со овој свет ден во Македонија:

- Се верувало дека желбите за целото семејство треба да ги замисли домаќинката додека останатите во домот уште спијат, и тоа рано наутро.,

- Уште една интересна традиција која се негува и ден денес е подготовката на познатиот специјалитет, пача или пифтија за Водици.

- Според верувањата, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

- Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става името на симпатијата, а едно топче останува празно. Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе на површината од садот, ја кажува судбината.

Со кои обичаи сте запознаени вие? Практикувате ли некој од нив?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава