Јајцата бојадисани во традиционални велигденски бои имаат важно значење – каква е симболиката? (фото)

Велигден е празник обоен во светли, ведри бои. Гледаме многу јајца во црвена, розова, виолетова, жолта и зелена боја, а постои и многу добра причина за тоа.

Tradicionalni-veligdenski-boi-i-nivnoto-znacenje-01.jpg

Вистинското значење зад велигденските бои кои сите добро ги знаеме (и уште неколку „традиционални“ нијанси кои би можеле да ве изненадат):

Бела

Белата боја означува светлина, чистота, триумф, слава и радост. За христијаните, воскресението Христово на третиот ден по распнувањето се слави како радосен настан.

Во црквата може да видите бела крпа што го покрива олтарот и можеби ќе бидете инспирирани да поставите беспрекорна бела покривка на масата за ручекот во неделата на Велигден, украсена со велигденски лилјани.

Се разбира, ова е и бојата на невапсаното јајце.

Виолетова

Виолетовата нијанса е поврзана со покајание, смирение, меланхолија и има посебно значење во 40-дневниот пост помеѓу среда и Велигден. Таа го симболизира и внатрешното размислување, што е важен дел од постот.

Зелена

Зелената боја го означува Светиот Дух (една третина од Светата Троица на христијанската вера), надежта и самиот живот, отелотворени во бујното зеленило на пролетното цветање.

Се користи и во црковните одежди на денот на Богојавление.

Жолто-златна

Без разлика дали е кралско златно или пастелно жолто јајце, што повеќе ѝ прилега на сезоната, нијансата исто така претставува радост. Тоа е боја што ја поврзуваме со самото сонце, заедно со слатките жолти пилиња.

Розова

Како белата и жолтата, бојата на убавото изгрејсонце или бонбоните што крцкаат исто така симболизира радост.

Црвена

Црвената боја е симбол на мачеништвото, страста Христова (приказната за апсењето, судењето и распнувањето на Исус) и вистинската Христова крв пролеана на крстот.

Црна

Конечно, црното вапсано јајце е поврзано со тага. Се поврзува со Велики петок, кој христијаните го гледаат како ден кога Исус Христос умрел пред повторното раѓање.

Ова може да биде контроверзно, со оглед на неговото практично отсуство од типичните велигденски прослави, но сепак многу модерни верзии на бојадисување јајца за Велигден ја вклучуваат и црната боја.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Ја избодела мајка ѝ 79 пати, имала шизофренија: Морничавиот случај на Изабела Гузман Во 2013-та, тогаш 18-годишната Изабела Гузман од САД ја избодела мајка си 79 пат...

Најчитани неделава