За што сè можете да го користите лакот за коса освен за фризури?

Ако направите мало дупче на хулахопките, а немате други при рака, можете да го спречите неговото проширување ако го испрскате со лак за коса.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-01 (1).jpg

Лакот за коса е можеби најдобриот продукт за фризури и има моќ да ги задржи на место со часови. Но, знаевте ли дека можете да го користите овој продукт и за бројни други работи?

За што сè можете да го употребите лакот за коса?

Да го спречите одврзувањето на врвките од патиките

За да го избегне одврзувањето на врвките, само испрскајте ги со лак за коса.

Но, најдобро користете го овој трик само кога планирате да одите долго време во патиките бидејќи потоа сепак ќе треба да ги исчистите врвките од лакот.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-02.jpg

Да отстраните кармин од облека

Испрскајте ја дамката од карминот со спреј за коса и оставете да делува 15-тина минути.

Потоа натопете чиста крпа во топла вода, истријте ја дамката, па исперете ја облеката како вообичаено. Секако, нема гаранција дека ќе извади секаков тип на кармин.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-03.jpg

Брзо исушете го лакот за нокти

Ако сте во брзање откако ќе се излакирате, испрскајте ги лакираните нокти со лак за коса. Само внимавајте да прскате од поголемо растојание за да не го уништите лакот.

Ефектот нема да биде потполно ист како кога чекате да се исуши лакот, но може значително да го забрза процесот ако немате многу време.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-04.jpg

Да отстраните остатоци од налепници

Некогаш е тешко целосно да ги отстраните налепниците на продуктите за убавина, но лакот за коса може да ви помогне и во овој случај.

Лакот за коса ќе го стврдне лепилото од налепницата, па полесно ќе можете да го истриете.

za-shto-se-mozhete-da-go-koristite-lakot-za-kosa-osven-za-frizuri-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава