14 (непријатни) работи што мора да почнете да ги правите во 20-тите за да не зажалите подоцна

Престанете да ја префрлате вината врз другите и почнете да преземате одговорност за вашите пропусти и грешки.

14-neprijatni-raboti-shto-mora-da-pochnete-da-gi-pravite-vo-20-tite-za-da-ne-zazhalite-podocna-01.jpg

20-тите се период од животот кога најмногу учиме за себе. Кои се нашите цели и аспирации, што очекуваме од партнерот во врската, кон каде сакаме да се движи нашиот живот…

Поради сето ова, 20-тите се и период на многу промени – од нашите навики и, па сè до нашите верувања и карактер.

А, за да не зажалите подоцна, ова се промените кои мора да ги направите во 20-тите, без разлика колку страшно и непријатно ви изгледаат:

1. Да најдете храброст да кажете кога нешто не ви се допаѓа, без разлика дали на работа, во врската со партнерот или кој било аспект од животот.

2. Да одлучите кои работи не ви се важни и да почнете да се фокусирате на оние кои се.

3. Да почнете добро да размислувате пред да изреагирате (и избувнете) за нешто.

4. Да почнете да наоѓате теми за разговор кои не се само озборувања и осудувања на другите луѓе.

5. Да престанете да се опседнувате со изгледот и да не дозволувате некој килограм плус да ви ја уништи самодовербата.

6. Да почнете да им поставувате повеќе прашања на другите наместо да зборувате само за себе.

7. Да престанете да бидете толку строги кон себе, самите да си дадете признание за она што сте го постигнале досега и повеќе да уживате во животот – повеќето луѓе подоцна во животот жалат бидејќи не уживале во нивните 20-ти.

14-neprijatni-raboti-shto-mora-da-pochnete-da-gi-pravite-vo-20-tite-za-da-ne-zazhalite-podocna-02.jpg

8. Почнете да читате повеќе книги – и едукативни, и романи од сите жанрови.

9. Станете подобра личност – бидете учтиви кон другите, не го истурајте гневот на другите, не понижувајте никого…

10. Наместо само да мечтаете за „совршена“ врска, поработете на тоа и направете ја вашата врска совршена.

11. Одредете ги вашите цели и почнете да работите на нив.

12. Излезете од зоната на комфорот и променете ги негативните навики.

13. Престанете да ја префрлате вината на другите и почнете да преземате одговорност за вашите пропусти и грешки.

14. Престанете да верувате и да копнеете по „совршениот живот“ на другите што го гледате на социјалните мрежи – никој не ги споделува лошите мигови од нивниот живот онлајн.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава