Што кога би нашле 500 евра?

sto-bi-napravile-koga-bi-nasle-500-evra-povekjeИмате ново момче, или девојка и полека се запознавате. Што сакаат, што не, за што размислуваат? Пожелно е да размислуваат за вас, но не очекувате...


...тоа да го прават по цел ден и ноќ – или можеби очекувате?

Во фазата на запознавање и вие и вашето момче/девојка ќе поставувате многу прашања за што подобро да се запознаете.

Едно од интересните, а не многу наметливи прашања е и:

sto-bi-napravile-koga-bi-nasle-500-evra

Ако пронајдеш 500 евра, на што би ги потрошил(а)?“

Секако, одговорот кој најмногу би ви се допаднал е дека парите би ги потрошиле на вас, било да е тоа заедничка забава, било нешто да ви купат. Варијантата со заедничка забава е поубава, затоа што значи дека размислуваат на вас како пар, варијантата со купување нешто за вас е чисто фолирање, обид да ви кажат нешто што посакувате да го слушнете (секако и заедничката забава може да биде фолирање, но барем звучи уверливо).

Добар е и одговорот дека тие пари би ги ставиле на страна во вид на заштеда, неважно е дали ќе ги стават во банка или дома. Таквиот одговор ви зборува дека сте со доверлива личност која размислува за иднината и на таа личност можете да се ослоните. Дури и ако се случи врската да не ви успее, таа личност најверојатно ќе може да ви биде добар пријател, некој во кого ќе можете да имате доверба.

Ако парите би ги потрошиле само на себе, јасно ви е дека сте со себична личност на која главно и е да си пружи сопствено задоволство – а за другите што и ако остане. Исклучок е ако си купат нешто кое подолго време го посакуваат, а финансиските можности не им дозволувале да си го купат, како на пример хит игра, или ЦД со омилена група.... Секако не е себично ако парите ги потрошат на нешто што им  е навистина неопходно.

Убав одговор е и ако семејството има финансиски проблеми, да им ги даде парите на родителите, тоа значи дека сте со внимателна личност која обрнува внимание на туѓите потреби. Убаво е и ако со најдените пари им купи нешто на братот или сестрата – супер е ако сте со некого кој се грижи за семејството, затоа што таквата личност умее да се врзе и сака блискост и не е некој што утре ќе ви побегне.

Ако најдените пари ги потрошите со своите пријатели, па...можеби не се работи за лоша личност- но вие баш и не му/и значите многу. Не им е лошо со вас, но ако се завртите и си одите, нема многу да му/и недостасувате – па најпаметно би ви било тоа и да го направите.

Би можело да ве интересира:

14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционал... Во 2013-та, патување со крузер се претворило во пекол откако бродот останал без ...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ... 31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...
8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава