8 трикови за да ги направите удобни чевлите во кои не можете да одите
Колку пара чевли имате дома кои само собираат прав и ретко ги носите затоа што не ви се удобни, мали ви се или не можете да чекорите во нив?

Наместо да се откажат од таквите чевли, некои луѓе ја користат својата креативност и наоѓаат генијални (и по малку необични) решенија.
Од проширување на тесни чевли, до начини како ногата да не ви се лизга во сандали – во продолжение може да пронајдете некој трик што ќе ви биде и на вас од корист.
Не гарантираме дека секој од нив ќе успее, но вреди да се проба:
Спречете го лизгањето на ногата во сандали со помош на ханзапласт

Во фолија завиткајте излупен компир и ставете го во чевлите преку ноќ – влагата малку ќе ги рашири

Ако апостолките ви прават рани на кожата, намачкајте ги деловите од гумата со проѕирен лак за нокти

Или обвиткајте ги со материјал

Ако чевлите ви се тврди, а немате од каде да најдете ортопедска влошка, може да ставите хигиенска влошка за да газите на меко (секако, ќе внимавате да не се гледа и тоа да биде во затворени чевли)

Летните патики претворете ги во зимски така што според формата на влошката ќе исечете мек материјал кој држи топло и ќе го вметнете

Ако ниските чорапчиња ви се гледаат преку чевлите, предниот дел ставете го само на два прста наместо на цело стапало

Хигиенската влошка може да ја искористите и како заштита за задниот дел од ногата кога носите штикли, а немате силиконски перничиња

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците
Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година
Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата
Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат...
Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...