Што претставува данскиот концепт „pyt“ и зошто септември е одличен месец да започнете да го применувате?

Данците го сфаќаат овој концепт толку сериозно што децата во некои училишта и градинки имаат вистинско копче на кое пишува „pyt“ што треба да го притиснат кога се нервозни и вознемирени. Дали е време да го инсталирате копчето „pyt“ и во вашиот живот?

shto-pretstavuva-danskiot-koncept-pyt-i-zoshto-septemvri-e-odlichen-mesec-da-zapochnete-da-go-primenuvate-01.png

„Pyt“ обично се изразува како интерактивна реакција на секојдневни фрустрации или грешки. Може да се преведе како: „Не грижи се за тоа“, „Се случуваат такви работи“. На пример, може да се случи да скршите чаша во кујната, да ги кренете рамениците, да кажете „pyt“ и да си продолжите со дневните обврски без да се нервирате за чашата.

Односно, овој збор се користи во ситуации кога нешто ни е надвор од контрола, свесни сме дека тоа нè фрустрира, но наместо непотребно да трошиме енергија на прекумерно размислување за тоа - продолжуваме понатаму.

Суштината е прифаќање и преминување кон нешто попродуктивно, се разбира само ако навистина не можеме ништо да направиме за тоа.

shto-pretstavuva-danskiot-koncept-pyt-i-zoshto-septemvri-e-odlichen-mesec-da-zapochnete-da-go-primenuvate-05.png

Зошто овој концепт треба да почнете да го практикувате овој септември?

Кога мислиме на септември, го споредуваме со нови почетоци и овој месец ни носи чувство на исчекување. Кога бевме помали, септември навистина претставуваше почеток на новата учебна година и ново поглавје во нашиот живот кое носи многу предизвици.

Сега, можеби многумина од нас не започнуваат нова учебна година (освен учениците и учителите), но септември е месец на нова есен, а со тоа и време за нови промени. Сето ова често нè тера да сакаме да се посветиме на ново хоби, да патуваме на место што досега не сме го посетиле или да започнеме нов проект.

shto-pretstavuva-danskiot-koncept-pyt-i-zoshto-septemvri-e-odlichen-mesec-da-zapochnete-da-go-primenuvate-02.png

Понекогаш од таква потреба реагираме набрзина и по секоја цена сакаме да започнеме нешто ново, но можеби е време да го следиме примерот на Данците и да го искористиме нивниот концепт за поинаков вид ресетирање и да размислиме смирено пред да започнеме нешто.

Оваа потреба за освежување, ресетирање и промена обично доаѓа од потсвесното незадоволство од нашата моментална состојба на животот, па затоа е и начин на преиспитување на нашите приоритети и цели.

shto-pretstavuva-danskiot-koncept-pyt-i-zoshto-septemvri-e-odlichen-mesec-da-zapochnete-da-go-primenuvate-03.png

Можеби се прашувате зошто во оваа работа треба да се осврнеме на Данците, а одговорот лежи некаде во фактот дека тие со години се на врвот на најсреќните нации во светот и очигледно прават нешто како што треба. Па, дали е време да го инсталирате копчето „pyt“ и во вашиот живот?

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава