Што значи неговиот подарок?

sto-znaci-negoviot-podarok-povekjeДали некогаш сте размислувале каква скриена порака носат подароците и што значи тоа што ви подарил баш чоколадо, парфем, или огрлица?


Психолозите тврдат дека подсвеста е чудна работа и дека не разоткрива многу повеќе одошто мислиме. Така, тврдат дека секој подарок со себе носи одредена порака како и дека открива многу за односите помеѓу луѓето. Секако ова важи само за подароците кои мажите сами ги одбрале.

Еве што велат стручњаците:

Патување – Вие сте му сè

Ако ве израдува со патување, ви порачува дека сте целиот негов свет. Нема да му биде тешко потполно да го смени својот живот за вие да бидете среќни, не е претерано поврзан со својата мајка. Ќе направи сè што барате од него. Ваквите мажи се реални, одмерени и сигурни во себе.

Чоколадо – сака подлабок однос

Доколку од партнерот добиете чоколадо, без разлика дали е во прашање повод или ви ја донел „онака“, тој има желба за врзување, односно сака да биде со вас. Иако голем број жени мислат дека бомбониерата е некреативен подарок, чоколадото како подарок значи дека тој ве доживува како некој што му е особено мил и со кого сака подлабок однос. Мажите што подаруваат чоколадо се романтични, сигурни во својата љубов и жените ги сметаат за исклучително важен дел во својот живот.

Скап подарок  - несигурен маж

Мажите што купуваат само скапи подароци несвесно праќаат порака дека се моќни, но често се несигурни. Оние што купувањето го прават во последен миг не се заинтересирани за сериозна врска, а оние кои што никогаш не подаруваат нешто се бунтовници и секогаш се сами против сите.

sto-znaci-negoviot-podarok-2

Книга – мисли дека добро ве познава 

Ако ви подари книга, убеден е дека добро ве познава. Ваквите мажи често се предвидливи, но стабилни и лојални.

Накит – сака да се ожени со вас

Доколку мажот најчесто ви подарува накит, ве гледа како сопруга, односно како жена со која би сакал да остари. Без разлика дали накитот е скап или не, тој симболизира желба за трајна врска.

Парфем – се плаши од врзување 

Мажот кој ви подарува парфеми несвесно праќа порака дека сте му привлечни и драги, но дека ве гледа само како додатои во неговиот живот. Парфемите, тврдат стручњаците, најчесто ги подаруваат мажи кои што не сакаат да се врзуваат.

Домашно милениче – размислува за семејство

Ако за подарок добиете домашно милениче, тој несвесно ви праќа порака дека сака семејство и дека ве гледа покрај себе за подолго време. Домашното милениче преставува обврска и посветеност, па мажите така ги доживуваат жените на кои им подаруваат миленичиња.

Би можело да ве интересира:

Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
14 луѓе кои сами си ја организираа кујната, а личи како да дале богатство на професионалци Ако ви здодеа изгледот на кујната и сакате да го смените нејзиниот лик, овие 14 ...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...

Најчитани неделава