10-те најмали држави во светот и 10-те држави со најмалку жители во 2022 година
Знаевте ли дека Ватикан е држава со најмала површина, но и држава со најмалку жители? Ватикан има површина од само 0,49 километри квадратни, а Монако од 2 километри квадратни...

Иако Македонија е мала земја, таа не е ни во првите 10 најмали држави, без разлика дали според површина или население.
Најмалата држава во светот – и според површина, и според население – е Ватикан. Во Ватикан живеат околу 800 жители, а државата има површина од 0,49 километри квадратни.
Површината на државата и бројот на жители можат да бидат поврзани од очигледни причини – на поголема површина собира повеќе луѓе, и обратно.
Но сепак, бројот на жители постојано се менува, па не значи дека државите кои се најмали по површина имаат и најмалку жители.
Погледнете кои се 10-те најмали држави според површина и 10-те држави со најмалку жители:
10 држави со најмала површина:
Ватикан – 0,49 километри квадратни

Монако – 2 километри квадратни

Науру – 20 километри квадратни

Тувалу - 30 километри квадратни

Сан Марино – 60 километри квадратни

Лихтенштајн – 160 километри квадратни

Маршалски Острови – 180 километри квадратни

Свети Кристофер и Невис – 260 километри квадратни

Малдиви – 300 километри квадратни

Малта – 320 километри квадратни
