Студенти убиле момче во 1924-та за да докажат дека имаат супериорна интелигенција – морничавата приказна за „совршеното“ злосторство на Леополд и Лоб

Во 1920-тите, Леополд и Лоб од Чикаго убиле 14-годишно момче. Тие верувале дека поради нивната „супериорна интелигенција“, полицијата никогаш нема да ги фати, односно дека убиството ќе биде совршено злосторство. Но, само неколку денови подоцна, тие биле уапсени. 

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-01.jpg

Леополд и Лоб биле студенти на Универзитетот во Чикаго кои сметале дека нивната интелигенција е супериорна.

Поради ова, тие биле убедени дека се над законот и дека можат да вршат злодела, како кражби, па дури и да извршат убиство без никој да ги фати.

Леополд и Лоб решиле да го извршат совршеното злосторство и убиле 14-годишно момче, а притоа смислиле план како да ги прикријат нивните траги и да збунат детективите за никогаш да не сфатат дека тие се виновни за убиството.

Но, „супериорниот интелект“ не бил доволен, па Леополд и Лоб сепак биле фатени.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-05.jpgЛоб (лево) и Леополд (десно)

Нејтан Леополд бил роден во 1904 година во Чикаго. Неговото семејство било богато, а тој бил прогласен за „чудо од дете“ бидејќи почнал да зборува на само 4-месечна возраст.

Студирал на Универзитетот во Чикаго, а планирал да продолжи со образованието на Харвард.

Наводно, тој изучувал 15 јазици, а тврдел дека може да зборува пет.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-10.jpgНејтан Леополд

Ричард Лоб исто така бил роден во Чикаго, но во 1905 година. И тој потекнувал од богато семејство и уште од најрана возраст покажувал знаци на голема интелигенција.

Всушност, тој прескокнал неколку одделенија во основно и дипломирал на Универзитетот во Мичиген на само 17 години.

Потоа и тој се запишал на Универзитетот во Чикаго.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-07.jpgРичард Лоб

Леополд и Лоб се познавале уште во детството, но почнале да се дружат во средината на 1920-тите.

Најмногу се зближиле откако и двајцата се запишале на истиот универзитет и сфатиле дека имаат слични интереси, како криминал.

За себе Леополд мислел дека е извонредна личност со големи способности која се издигнува над законот и правилата што важат за „обичните“ луѓе.

Тој верувал дека ова се должи на неговата интелигенција, како и дека ова му дава право да прави што сака, без да сноси последици.

Леополд го имал истото мислење и за Лоб.

Набрзо двајцата студенти почнале да се вклучуваат во криминални активности, како крадење и подметнување пожар.

Но, биле разочарани бидејќи медиумите не ги покривале нивните злодела, па решиле да направат уште поголемо злосторство и да си докажат дека навистина се супериорни над сите останати луѓе.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-11.jpgЛеополд (лево) и Лоб (десно)

Кога Леополд имал 19, а Лоб 18 години, тие се договориле да го извршат совршеното злосторство.

Совршено злосторство е термин што се користи за каков било криминален случај кој не може да се реши. Односно, не постои никаква можност да се појават докази или што било што ќе го решат случајот.

Сепак, некои сметаат дека за злосторството да биде совршено, јавноста и властите не треба ни да дознаат за него.

Што значи, можеби некои криминалци имаат извршено совршено криминално дело, но ние, вклучувајќи ги и детективите и полицијата, никогаш нема да дознаеме за тоа.

Леополд и Лоб сакале да извршат токму вакво злосторство и решиле да убијат 14-годишно момче.

studenti-ubile-momche-14-za-da-dokazhat-deka-imaat-superiorna-inteligencija-mornichavata-prikazna-za-sovrshenoto-zlostorstvo-na-leopold-i-lob-02.jpgБоби Френкс - 14-годишната жртва на Леополд и Лоб

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Луѓе кои биле неправедно осудени и поминале над 20 години во затвор за туѓи злосторства Американецот Кит Харвард „за влакно“ ја избегнал смртната казна и поминал 33 год...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg