Човечка кожа, крв насекаде: Луди (и одвратни) работи што хигиеничарите ги нашле во хотелски соби

„Имам најдено дилдо залепено на огледало, вибратори, искористени кондоми…“ - што друго наоѓаат хигиеничарите додека ги чистат хотелските соби?

chovechka-kozha-krv-nasekade-ludi-i-odvratni-raboti-shto-higienicharite-gi-nashle-vo-hotelski-sobi-01.jpg

Собар(к)ите и хигиеничарите кои работат во хотели навистина гледаат сè и сешто кога ги чистат собите.

Не е ништо чудно некој да си заборави нешто во хотелската соба, но навистина е чудно кога заборавеното нешто е брокула оставена во кадата или секс кукла на креветот.

На Редит, луѓе кои работеле како хигиеничари во хотели ги споделуваат најбизарните работи што ги нашле во собите:

„Дупка исечена во душекот бидејќи гостинот се опил и извршил нужда на креветот. Потоа пробал да го исече душекот со нож за мачкање и го превртел“.

„Крв, многу крв. Буквално насекаде. Јас и другата хигиеничарка пријавивме. Гостинот многу се опил и си ја исекол дланката, па испаничил.

Еднаш најдов и разни оружја, како и стапица за ракуни. Инаку, ова ми беше првото работно место во средно“.

„Купче човечка кожа на подот покрај креветот. Изгледаше како некој да си ја лупел кожата по изгореници од сонце. Навистина беше одвратно“.

chovechka-kozha-krv-nasekade-ludi-i-odvratni-raboti-shto-higienicharite-gi-nashle-vo-hotelski-sobi-02.jpg

„Веќе не работам како хигиеничар, но еднаш помислив дека најдов мртво тело под прекривките на креветот. Излезе дека мажот кој отседнуваше во собата си ја заборавил секс куклата“.

„Работев во ресорт за скијање и за Денот на благодарноста сите соби беа пополнети. Нема да ви се верува колку луѓе оставаа недојадени мисирки, не во фрижидерот или корпата за ѓубре, туку на масите во собите… Миризбата остануваше во собите, на теписите, на завесите…“

chovechka-kozha-krv-nasekade-ludi-i-odvratni-raboti-shto-higienicharite-gi-nashle-vo-hotelski-sobi-03.jpg

„Остатоци од измет на столната ламба“.

„Имам најдено дилдо залепено на огледало, вибратори, искористени кондоми…“

„Влегов во собата и секој сантиметар беше покриен со ѓубре. Беше како да има уште еден тепих. На креветот, под креветот, на секоја површина, дури и во кадата имаше ѓубре.

Гостите беа таму само една ноќ. Амбалажи од храна, кутии од пица, кутии од чевли, лименки, весници, ѓубре насекаде. Најчудно од сè беше што корпата за ѓубре беше потполно празна“.

chovechka-kozha-krv-nasekade-ludi-i-odvratni-raboti-shto-higienicharite-gi-nashle-vo-hotelski-sobi-04.jpg

„Мртов елен за време на сезоната за лов“.

„Брокула и спанаќ во туш-кабината“.

„Некој си ја заборави вилицата со вештачките заби. Никогаш не дојде да си ги земе“.

chovechka-kozha-krv-nasekade-ludi-i-odvratni-raboti-shto-higienicharite-gi-nashle-vo-hotelski-sobi-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава