„Панда кучињата“ од Кина го зачудија светот - но, дали навистина се хибрид помеѓу панда и куче?
Светот беше зачуден и се коментираше „Зарем Кинезите и ова го направија?“... Но, вистината е дека „панда кучињата“ не се резултат на генетски хибрид помеѓу панда и куче, туку се кучиња кои се стилизирани со бои за да личат на панди.

Појавата на таканаречените „панда кучиња“ од Кина предизвика големо внимание и контроверзии, а фотографиите од нив се споделуваа вирално низ целиот свет..

Но, вистината е дека во Кина не постои вистински хибрид помеѓу панда и куче.

Што се „панда кучиња“?
„Панда кучињата“ се всушност кучиња од расата Чау Чау, кои се специјално подготвени и обоени за да личат на панди.

Оваа практика стана популарна во некои зоолошки градини и продавници за миленичиња во Кина, каде што ваквите кучиња се прикажуваат како атракција.

Ова наиде на остри критики од страна на љубителите на животни и организации за заштита на животните, поради загриженост за потенцијалната штетност на боите што на кучињата, кои се изложени на такви третмани.

Иако некои зоолошки градини тврдат дека боите се безбедни и дека не се користат хемикалии, критичарите укажуваат на можни здравствени ризици.

„Панда кучињата“ не се резултат на генетски хибрид помеѓу панда и куче, туку се кучиња кои се стилизирани да личат на панди.


Погледнете видео за „панда кучињата“:
С. С. | Црнобело