Што значат најчестите кучешки навики?

Кучињата се нашите најдобри пријатели, кои понекогаш знаат да имаат навистина чудни и смешни навики. Овде ги објаснуваме нивните најчести навики за кои секојдневно се прашуваме какво значење кријат.

sto-znacat-najcestite-kuceski-naviki-01

Повлекување на каивчето за шетање

Многу сопственици на кучињата мислат дека нивниот миленик ги влече бидејќи сака да ја покаже својата доминација во прошетката, но се лажат. Ако е свесен за својата сила, а вие не се обидете да го застанете, тој нема да престане да влече.

Привлечете го миленикот накај себе и не му дозволувајте да го влече каивчето, единствено така ќе престане. Некои кучиња дури и го тегнат заради тоа што им е неудобна, па затоа проверете два пати пред да тргнете во прошетка. Практикувајте каивчиња кои се ставаат околу телото, а не околу вратот.

Обележување на територија

Додека сте во прошетка, кучето постојано застанува и ја крева ногата каде и да стигне и без да врши нужда? Тоа е заради нешто ново што го почувствувало во негова близина. Можеби тука прошетало ново кутре кое никогаш во животот не го сретнал, па затоа застанува и ја одбележува својата територија.

Но, ако ова постојано го прави во вашиот дом или двор, тоа може да значи некој стрес или анксиозност. Многу сопственици на кучиња го забележуваат ова однесување по приновата во семејството. Тоа на миленикот додатно му внесува страв и стрес во секојдневието, па ако навистина го сакате, со време подгответе го и секојдневно запознавајте го со новите предмети или личности.

sto-znacat-najcestite-kuceski-naviki-02

Смеење

Имате кутре кое навистина изгледа како да се смее? Иако некои стручни лица не се согласуваат со тоа, навистина е возможно на тој начин да ја искажуваат среќата. Смеењето е човечки рефлекс, па затоа кучињата гледаат и имаат од кој да научат. Ако се почувствувате дека вашиот миленик е радосен, дека ви се смешка, не пропуштајте да го погалите, да му дадете комплимент или и вие да му возвратите со насмевка. Тој ја гледа и разбира вашата реакција, колку и да ви звучи чудно.

Од друга страна, алфа мажјаците ретко се смешкаат, бидејќи сметаат дека се доминантни. Затоа, доколку често пати го гледате вашиот миленик како покажува заби, но тоа не е така симпатично, голема е веројатноста да ве предупредува да му дадете малку повеќе простор.

Лигавење

Лигавењето е нормално за кучињата, а дури и кај некои од нив тоа е генетски наследно или пак како резултат на градбата на телото и обликот на лицето. Меѓутоа, доколку одредено време оваа кучешка навика се зачести, има големи шанси миленикот да ви е изложен под голем стрес. Решението е повторно исто - запознавајте го со сите новости и не дозволувајте да се чувствува запоставено.

Лигавењето исто така може да е предизвикано и од проблемите со забите. Ако мислите дека ова е причината, задолжително однесете го на проверка кај ветеринар.

Чудни пози додека спие

Имате чувство дека по цели денови само спие? Во голем број од случаите тоа е поради тоа што речиси цела вечер кога сите спиеме, тие знаат да останат будни, бидејќи чувствуваат должност да се грижат за вас. Тие знаат дека нивната примарна задача е куче-чувар и тие прилично сериозно си ја разбираат таа позиција.

Сепак, нивното спиење е сосема различно. Додека ние можеме да заспиеме длабоко за само неколку минути, вашето кутре тоа не го може заради изострените сетила. Заради тоа тој лесно се буди и се плаши од сите звуци на кои не е навикнат.

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg