Како да се справите со влакната од вашиот миленик?

Ако имате домашно милениче кое обожава да се излежува и гали насекаде низ вашиот стан, тогаш борбата со неговите влакна е вашиот најлош кошмар.

kako-da-se-spravite-so-vlaknata-od-vasiot-milenik-01

За да победите во оваа секојдневна борба, ви предлагаме неколку совети:

Не го избегнувајте чешлањето - Ако го исчеткате вашето милениче еднаш во денот, сè ќе биде полесно. Вие ќе го спречите разлетувањето на влакната низ вашиот дом, а тоа нема да чувствува потреба дека треба да се тресе за да се ослободи од вишокот крзно.

Секогаш имајте прекривка на мебелот во дневната соба - Никој не сака кога креветот е прекриен со влакна, но кога веќе сте решиле да му дозволите на вашето милениче да преспие на фотелјата, барем прекријте ја со лесен материјал. Полесно е да го исперете прекривачот, отколку да го пребришете целиот мебел.

Заштитете го подот - Во собата во која најчесто престојува вашиот миленик секогаш имајте откриен ламинат, паркет или плочки наместо мек тепих.

Чистете му ги шепите - По секое шетање можете да користите влажни марамици или ракавица од микровлакна. Ќе се изненадите од разликата.

Облечете го - Летно време навистина нема потреба да го мачите, доволно е само да се придржувате до четкањето, но кога температурите се ниски не би му пречело да му облечете нешто тенко и лесно кое ќе го спречи паѓањето на влакната наоколу, а воедно и ќе го затопли на подолг период.

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
10 емотивни сцени од Скопје ЗОО топат срца, низ објективот на Горан Анастасовски „Ако овие фотографии допрат барем едно срце и потсетат дека животните чувствуваа...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава