Како реагира кучето кога се дави неговиот сопственик?

Пријателот кој ќе скокне во вода и ќе си го ризикува животот ако види дека случајно се давите е само најдобриот пријател. Ги има и меѓу луѓето, но ретки се.

zaradi-ova-kuceto-e-najdobar-prijatel-na-covekot-video-001

Она што е искрено, безусловно и со сета љубов, без ниту еден збор да му кажете се гледа на дело. Нема потреба да знае дали вие би го направиле истото, колку долго ве знае, дали имате други пријатели и слично.

Таква постапка, водена од природен инстинкт за помош на некој што е во неволја, уште повеќе кога тоа е пријателот со кој сте секојдневно веројатно најсилно е изразена кај кучињата.

Не е залудно кога се вели дека тие се најверните пријатели на човекот, кои дури и себе ќе се занемарат за него.

Едно такво големо дело, покажува и ова куче, кое иако е дел од шега, се покажува како вистински херој.

Додека неговиот сопственик плива во базенот, тоа само го гледа од надвор. Но, кога тој ја нурнува главата под вода, кучето помислува дека се дави и дека ќе потоне, па веднаш почнува да прета и да се труди да му помогне за да излезе.

Кога истото се случува по вторпат и почнува да се оддалечува, веќе не чека ниту момент и се фрла во базенот за да го спаси својот сопственик.

Се врти наоколу, го фаќа паника, но не се откажува додека не го види дека е излезен на површина.

Погледнете зошто кучето е најдобар пријател на човекот:

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава