Не дозволувајте кучето да ве шета вас: Усовршете го шетањето и станете водач

Ако шетањето со вашиот миленик ви е нервозно и мачно, време е да направите некои темелни промени во дресирањето.

ne-dozvoluvajte-kuceto-da-ve-seta-vas-1

Доколку самите не можете да го воведете во ред вашиот четириножен пријател, тогаш погледнете ги овие неколку совети и обидете се да ги примените.

Заборавете на тегнењето, потта, нервозите и направете го следново:

1. Одете пред своето куче

Додека го шетате одете пред вашето куче, бидејќи на тој начин му покажувате дека вие сте водачот кој треба да го следи. Водачот секогаш прв излегува или влегува, а кучето треба да седи или оди покрај вас.

2. Користете краток подводник за шетање

Тоа ќе ви даде повеќе контрола. Со пократкиот подводник ќе имате повеќе комуникација со кучето, полесно ќе го водите и исправувате секој пат кога ќе посака да тргне по свое. Лесно без грубост и агресија, вашето куче ќе започне да ве следи.

3. Дајте си доволно време за шетање

Кучињата, како и луѓето, ги обожаваат дневните прошетки, а особено утринските. Минималната прошетка за секое куче е 30 минути дневно, а идеалната прошетка трае 1 час. Но, секако секогаш зависи од кучето, па најдобро е да се посоветувате со ветеринар.

ne-dozvoluvajte-kuceto-da-ve-seta-vas-2

4. Наградувајте го кучето

После секоја успешна прошетка, наградувајте го кучето со неговата омилена храна или пуштете го да се истрча без подводник.

5. Останете водач

Дури и после прошетката, останете негов водач. Не му дозволувајте да влезе дома, пред вие да влезете. Секој миг користете го за да го научите на ред. 

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...

Најчитани неделава