8 интересни факти за златните ретривери

Секоја раса е единствена и со своја историја. Златните ретривери се најчестите и најомилените домашни миленици за кои иако ви се чини дека знаете сè, сигурно постојат некои интересни факти и ситници кои допрва може да ги откриете.

8-interesni-fakti-za-zlatnite-retriveri-01

1. Златниот ретривер има аристократско потекло

Оваа раса навистина има аристократски корени. Имено, лордот Твидмуд ја развивал оваа раса во Шкотска од средината до крајот на 19.век.

2. Златните ретривери имаат одлично сетило за мирис

Оваа раса првенствено е создадена за лов. Со селективно одгледување постигнато е високо ниво на сетилото за мирис, кое можеби е најјако од сите раси. Денес ретко се користат во лов, но често помагаат за откривање бомби или за спасување.

3. На почетокот имале друго име

Името на оваа раса се менувало од почетокот до денес. Првенствено, златниот ретривер се викал златно долговлакнесто куче, бидејќи технички било сметано за варијација на долговлакестиот ретривер, а не за посебна раса.

Официјално, оваа раса го добила денешното име дури во 1913 година, кога е основан и Клубот на златни ретривери вo Велика Британија.

4. Златниот ретривер се смета за четврта најпаметна раса

Овие добри, семејни кучиња исто така се и многу паметни. Според многу истражувања тие се наоѓаат на четвртото место, веднаш зад бордер коли, пудлата и германскиот овчар.

8-interesni-fakti-za-zlatnite-retriveri-2.jpg

5. Златните ретривери се меѓу најпопуларните раси во светот

Оваа 2014-та година се наоѓаат на третото место на листата најпопуларни кучиња во Америка, веднаш зад лабрадорот и германскиот овчар.

6. Златниот ретривер бил миленик и во Белата куќа

Американскиот претседател Џералд Форд бил горд сопственик на златниот ретривер. Ретриверката  Либерти била популарна и меѓу новинарите и во јавност во текот на Фордовиот мандат.

7. Расата била многу застапена во забавните емисии кон крајот на минатиот век

Како многу интелигентна раса, златниот ретривер многу лесно се тренира. Затоа често се дел од некои емисии и филмови. Расата била посебно популарна во хумористичните серии во текот на 80-тите и 90-тите години.

8. Тие се најпопуларните кучиња за помош

Златните ретривери се ценети како помошници на личности со различни видови на инвалидитет.

8-interesni-fakti-za-zlatnite-retriveri.jpg

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg