Што да направите кога ќе ви го отрујат миленикот?

За жал, во последно време сè почести се случаите со труење на мачките и кучињата. Ако вакво нешто му се случи на вашиот миленик, потребно е да не паничите, туку да реагирате брзо и правилно.

sto-da-napravite-koga-ke-vi-go-otrujat-milenikot-01.jpg

Еве што треба да правите во оваа ситуација:

Идентификувајте го отровот

Важно е да знаете кој отров е користен, затоа што терапијата зависи од токсините во телото на миленикот. Обидете се да пронајдете дел од отровот кој го внел.

Дури и да не забележите никакви симптоми на труење, добро информирајте се и проверете му ја состојбата, затоа што не знаете во кој момент отровот може да почне да делува.


Препознајте ги симптомите

Ако животното проголта отров може да настане анемија која се одликува со бледа слуз, слабост, отежнато и забрзано дишење, повраќање и крварење.

Поголем дел од отровите ги напаѓаат цревата, црниот дроб и бубрезите, па затоа е важно да посетите ветеринар додека не се зафатени сите витални органи.


Не преземајте мерки без инструкции

Многу сопственици даваат „противотрови“ на своја рака за кои порано слушнале, како што се млекото, солта, аспиринот...

Несаканите дејства на овие „лекови“ може да нанесат поголема штета, па затоа останете присебни и не му давајте на миленикот ништо што ветеринарот не ви кажал.


Побарајте помош

Лечењето на отруеното животно се спроведува исклучиво на ветеринар, а успешноста зависи од брзината на стручната помош.

Ако забележите било какви симптоми, задолжително контактирајте ветеринар. Најдобро е миленикот да го однесете до најблискиот ветеринар, а доколку возите, задолжително земете уште едно лице со вас.

Превентивата од труење за жал не постои, а она што можете да направите е да го научите миленикот да јаде само храна која вие му ја нудите.

Најдобро решение е носењето на маска додека е пуштен на прошетка на места каде постои голем ризик од отрови.

Би можело да ве интересира:

Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава