10 Необични пријателства во светот на животните

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-1--

Љубовта е насекаде, па дури и во светот на животните, а на овие не им е важно дали нивниот пријател е срна, слон или мајмун...

Доказ дека и животните умеат да бидат вистински пријатели се токму овие невообичаени пријателства, кои биле склопени заради разни околности.

1. Слон и овца

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-1

Кога мајката на малечкиот слон Темба умрела, ветеринарската екипа се надевала дека тој ќе биде прифатен од другите слонови, но тоа не се случило. Темба паднал во голема депресија и престанал да јаде, сѐ додека ветеринарите не го запознале со една овца од соседната фарма. На почеток ситуацијата меѓу нив била напната, но сега тие се неразделни пријатели, а Темба конечно почнал да јаде.


2. Чивава и мајмун

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-2

Малечкиот мајмун бил однесен во зоолошката градина во Англија која редовно има програма за размножување на загрозена врста на животни. Но, ова мајмунче било одбиено од другите животни, па чуварите одлучиле да го повикаат Сама, симпатичното куче кое му помогнал на мајмунот да го надмине стравот. Сега кучето и мајмунот се неразделни пријатели и секогаш одат на долги прошетки (најчесто кучето шета, а мајмунот го јава).


3. Був и гуска

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-3

Бувот Гандолф немала многу среќа во животот, со години несела јајца, но секогаш биле празни. Еден ден, таа на подарок добила јајце од гуска. Иако бувовите обично убиваат сѐ што не е нивно во гнездото, сепак таа одлучила да се грижи за гуската како за сопствено дете.


4. Нилски коњ и желка

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-4

Бебето нилски коњ Овен и Мизи гигантската желка се пријатели откако Овен е спасен од еден гребен, во тек на цунами (2004) во Индискиот Океан. Кога го донеле во засолниште за напуштени животни, уплашениот нилски коњ веднаш ја здогледал желката и се скрил зад неа. Од тој миг тие двајца се неразделни.


5. Зајак и срна

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-5

За овие пријатели не се знае премногу, бидејќи сосема случајно се фотографирани во дивината. Но, фотографиите сепак тврдат дека се неразделни.


6. Гулаб и мајмун

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-6

Овој мајмун имал лоша судбина, најпрво неговата мајка го напуштила, а потоа му требале неколку години за да закрепне. За среќа го запознал својот нов пријател - гулабот со кој се секогаш и секаде заедно.


7. Жирафа и ној

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-7

Жирафата Беа и нојот Вилма се сретнале на еден огромен имот на САД. Тие иако имале доволно простор за никогаш да не се сретнат, сепак одлучиле да бидат пријатели.


8. Мачка и лисица

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-8

Ниту за овој невообичаен пар не се знае премногу. Случајно се фотографирани од страна на рибар во Турција, а од фотографијата може да се забележи дека се добри пријатели.


9. Лав, тигар и мечка

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-9

Тие биле пронајдени како малечки во еден дом во Атланта, во тек на полициска акција. Подоцна биле префрлени во центар за спасување на животни и одлучиле никогаш да не ги разделуваат. Денес тие се пораснати и секој ден заедно си играат, спијат и јадат.


10. Шимпанза Ања и мали бели тигри

10-neobicni-prijatelstva-vo-zivotinskiot-svet-10

Овие две мали бели тигри се одвоени од својата мајка, после големи поплави предизвикани од ураган. За среќа биле на време пронајдени и спасени, а во резерватот за животни биле дочекани од шимпанзото Ања, која е тука да се грижи за нив.  

Би можело да ве интересира:

7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg