Откако војник го напуштил своето куче, преку Фејсбук дознал што се случило со него

На еден австралиски војник, откако починала неговата мајка, најдобар пријател во домот му било нејзиното куче Прини. Се нашол во тешка ситуација кога му стигнало писмо дека треба да оди на мисија во Ирак и да го напушти својот дом.

pozitivna-prikazna-za-vojnikot-koj-moral-da-go-napusti-kuceto-01

Бил многу загрижен за малото кутре, но немал што да направи освен да го даде во стационарот за згрижување животни.

Сепак, неговата приказна и тешката разделба стигнале до сопственичката на стационарот, Каи Норман, која била трогната од целата ситуација.

Таа се погрижила да го најде кучето и да го вдоми во семејството на еден стар воен ветеран, кој се заљубил на прв поглед во него.

Знаејќи колку се грижи за кучето на неговата мајка, немала друг начин за да му каже дека е добро, освен да ја објави целата приказна на интернет.

Добила 7000 лајкови и 3000 споделувања кои за среќа успешно ја пренеле информацијата до австралискиот војник Марк, а луѓето биле воодушевени од нејзината постапка.

 

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
„Немаше да преживее, мајка му го отфрли“ - Мајмунчето Лука во ЗОО Скопје денес слави 12-ти роденден ... „12 години живот. 12 години победа. Лука немаше да преживее. Отфрлен од мајката ...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава