10 знаци со кои кучето ви покажува дека ве сака

Ако имате куче, сигурно љубовта му ја искажувате преку гушкање, галење на стомакот и по некој бакнеж од милина. Но, дали тоа ве сака? Како да откриете кои се неговите гестови на љубов?

10-znaci-so-koi-kuceto-vi-pokauzuva-deka-ve-saka-01.jpg

Добро проучете го однесувањето во текот на еден ден и следете дали ќе воочите некој од овие 10 знаци. Тие се сигурен показател дека миленикот ве обожава.

1. Обожава да ве лиже

Кога и да почувствуваат љубов, рефлексна реакција на кучињата е да ве лижнат. За рака, за нога, понекогаш и по лице.


2. Кога заминувате, стои и ве следи со поглед

Ако секој пат кога се подготвувате да излезете од дома, чувствувате нервоза кај миленикот, тој само се плаши да не ве изгуби. А тоа е сосема јасен знак на љубов.


3. Ви се вртка околу нозете

Ако заради нешто се чувствувате исплашено или не ви е добро, миленикот ќе ви стави до знаење дека е тука за вас така што ќе се замота околу вашите нозе.


4. Избезумен е кога и да се вратите дома

Ве очекувал цел ден, па сега ви мавта со опашката, ви ја носи омилената играчка, се превртува на грб... Така ви порачува само едно - ми недостасуваше цел ден!


5. Се гали откако ќе се најаде

Со своето расположение по оброкот, кучето ќе ви открие дали му се допаднало тоа што сте му го сервирале. Ако е расположен за галење и играње, тоа значи дека ви е благодарен и ви ја возвраќа љубовта.

10-znaci-so-koi-kuceto-vi-pokauzuva-deka-ve-saka-02.jpg

6. Ве гледа право во очи

Во тој момент кога ве гледа во очи без да трепне, научниците велат дека го лачи хормонот окситоцин. Истиот хормон го лачат и мајките при блискоста со своите бебиња.


7. Зевате во исто време

Ова е уште еден доказ за љубов, затоа што кучињата го имитираат движењето само на човекот кој им се допаѓа.


8. Спие во вашиот кревет

Нема поголема приврзаност од оваа.


9. Ви ја носи омилената играчка

Ова не секогаш мора да значи покана за играње, туку е знак за доверба. Со тоа ви покажува дека сте му најдобриот пријател во кој има целосна доверба.


10. Ги подига веѓите

Ако внимателно го забележите миленикот, ќе забележите дека никогаш не ги подига веѓите на непознати, туку само на луѓето кои му се драги и кои ги сака. А, тоа сте вие.

Би можело да ве интересира:

Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
Убави вести од НП Шар Планина: Забележани се два нови балкански риса – сега има вкупно пет „Имаме нова радосна вест! На нашите трап-камери на територијата на паркот неодам...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...

Најчитани неделава