5 работи кои кучињата ги прават, а луѓето не умеат

Секој љубител на куче ќе се согласи дека најпопуларните домашни миленици се прекрасни и фасцинантни суштества. Колку се тие навистина чудесни, докажуваат и петте вештини кои кучињата ги имаат, а луѓето не.

5-raboti-vo-koi-kuchinjata-se-veshti-a-lugjeto-ne-4_copy.jpg

Сте знаеле ли дека кучињата можат:

1. Да намирисаат и најмала количина на храна, одблизу и оддалеку

Сетилото за мирис кај кучињата е од 10.000 до 100.000 пати појако од луѓето, што значи дека можат да намирисаат работи за кои ние може само да сонуваме. Од аспект на видот, тоа би значело дека ако вие можете јасно да гледате на далечина од 500 метри, вашето куче би можело подеднакво јасно да гледа на далечина од 5 километри.

Благодарение на извонредното сетило за мирис, кучињата им се од голема полза на луѓето, како на пример, во потрагата по исчезнати личности, но саканите влакнести миленици, ја користат оваа способност и за помалку јуначки дела.

Сигурно ви е познато сценариото кога ќе се вратите дома со храна за својот миленик, а штом ја отворите вратата, тој веќе намирисува дека имате нешто за него. Кучињата во истиот момент знаат кога нивната храна е во близина и нема да потрошат ни една секунда да ја побараат

5-chudesni-veshtini-koi-gi-imaat-kuchinjata-a-lugjeto-ne-1.jpg

2. Да откријат болест кај луѓето, служејќи се само со своите сетила и интуиција

И тренираните, но и нетренираните кучиња, подеднакво, можат да детектираат болест кај своите сопственици. Некои кучиња може дури и да се истренираат да знаат како да го предупредат сопственикот пред тој да добие епилептичен напад, додека другите кучиња можат да го алармираат човекот на промените кои се случуваат во неговото тело, а се предизвикани од болести.

Постојат многу вистинити приказни за кучиња кои први ги почувствувале почувствувале биолошките промени во телото на човекот, а потоа било утврдено дека личноста боледува од рак. Кога ќе почувствува дека нешто не во ред, кучето постојано ќе привлекува внимание на тој конкретен дел од телото, се додека неговиот сопственик не сфати дека нешто не е во ред.

3. Да предвидат што ќе направите следно (без да кажете ни збор)

Кучињата се вистински мајстори за читање на говорот на телото кај човекот, поради што имаат способност да предвидат што ќе направите следно. За оваа вештина, кучето се служи со контакт со очите, така што ќе зјапа во својот сопственик за да сфати за што тој размислува.

Кучињата се толку добри во читањето на говорот на телото, што не мора да кажете ниту збор, а кучето сепак ќе знае кој ќе биде вашиот следен потег.

5-chudesni-veshtini-koi-gi-imaat-kuchinjata-a-lugjeto-ne-3.jpg

4. Да предвидат природна катастрофа

По секоја природна катастрофа, се појавуваат мноштво приказни со сведоштва на луѓето, чии домашни миленици со своето необично однесување ги предупредиле дека нешто не е во ред. Науката уште не успеала со сигурност да обзнани како кучињата и другите животни може да осетат дека ќе се случи природна катастрофа, но постојат неколку теории.

Некои веруваат дека тие можат да ги почувствуваат промените во подземните води кои се случуваат пред потресот, додека другите, пак, веруваат дека животните се способни да го слушнат тропотот на многу ниски фреквенции, што е резултат на природните појави феномени, како што се земјотресите и вулканите.

Постојат и бројни истражувања кои упатуваат на тоа дека кучињата, благодарение на своето изразено сетило за мирис успеваат да ги намирисаат промените во воздухот, кои се појавуваат непосредно пред случувањето на катастрофата.

5. Да го пронајдат патот до дома и од најоддалечените непознати места

Во такви ситуации, луѓето користат GPS-помагала, а кучињата се ориентираат исклучиво според своите сетила и инстинкт.  Кучето може да го најде патот до домот дури и кога се наоѓа на потполно непозната територија, односно и ако никогаш претходно не одело по таа рута.

И за оваа вештина, кучињата се служат со своето супер-сетило за мирис, па кога ќе намирисаат познат мирис, способни се да го следат се додека не намирисаат друг препознатлив мирис, што на крајот ќе ги доведе до дома.  

5-chudesni-veshtini-koi-gi-imaat-kuchinjata-a-lugjeto-ne-2.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg